КАФЕ ПАУЗА

Врската помеѓу часовите во денот и вашето здравје: Крвниот притисок е највисок во 8 часот наутро

Врската помеѓу часовите во денот и вашето здравје: Крвниот притисок е највисок во 8 часот наутро

Експертите тврдат дека периодите во денот имаат големо влијание на нашето здравје. Со изминувањето на секој час, холестеролот, крвниот притисок, телесната температура и хормоните постигнуваат различни нивоа, а секој од тие фактори различно влијае на нашата емоционална, психичка и физичка состојба. Научете како функционира вашиот внатрешен часовник за да знаете што би требало да правите во одреден период од денот, а што да одбегнувате…rnrnВрската помеѓу часовите во денот и вашето здравје: Крвниот притисок е највисок во 8 часот наутроrn

6 часот

rnСпоред научниците од Универзитетот Раш во Чикаго, најголеми шанси за удар од каков било вид (срцев, мозочен) има во периодот помеѓу 6 часот наутро и пладне.rn

7 часот

rnОдбранбениот систем на нашето тело е најранлив во текот на првиот час по будењето. Нивото на антителата кои се наоѓаат во првите редови на нашиот имун систем е најниско во тој период. Освен тоа, нивото на кортизолот, стрес хормон кој го намалува имунитетот, е покачено. Научниците советуваат дека луѓето би требало да одбегнуваат вежбање наутро, бидејќи напорните физички активности во раните утрински часови ја намалуваат отпорноста на вируси и бактерии. За да го зајакнете имунитетот, се препорачува да изедете здрав појадок наутро и да пиете многу течности. На тој начин ќе ја обновите функцијата на црниот дроб кој цела ноќ ги обработувал маснотиите.rn

8 часот

rnШансите да се доживее срцев удар во периодот помеѓу 7 и 9 часот се 70% поголеми во споредба со другите периоди од денот. Тогаш крвниот притисок е највисок, што исто така го зголемува ризикот од срцев удар. Научниците многу прецизно го одредиле најризичниот момент, а тоа е 8 часот и 24 минути.rn

9 часот

rnДоколку сакате да забремените, најдобро е да водите љубов во овој период. Бројот на сперматозоидите е најголем наутро. Освен тоа, ова е најдобриот период за повторување на научениот материјал.rn

10 часот

rnПомеѓу 10 и 13 часот, нашиот мозок покажува најголема активност. Тогаш се зголемува и нивото на адреналин, па затоа овој период е идеален за извршување комплицирани задачи и донесување важни одлуки, додека, пак, проблемите најчесто се јавуваат помеѓу 15 и 17 часот.rn

12 часот

rnЛекарите препорачуваат дека луѓето кои страдаат од остеоартритис би требало да го испијат лекот околу пладне. Болката најмногу се чувствува во текот на попладневните часови и навечер, па затоа пладнето е идеалното време за земање лекови кои ќе почнат да делуваат точно во периодот кога болките ќе станат најсилни.rn

13 часот

rnНорвешките научници дознале дека мигрената најчесто се јавува во овој период од денот. Попладневниот пад на производството на хормони доведува и до пад на енергијата и концентрацијата.rnrnВрската помеѓу часовите во денот и вашето здравје: Крвниот притисок е највисок во 8 часот наутроrn

14 часот

rnНашата енергија е на најниско ниво во 14 часот и 16 минути. Внесувањето мала доза кофеин може да ви помогне полесно да го пребродите попладневниот умор.rn

15 часот

rnЛуѓето кои се занимаваат со механичка работа што бара многу мала концентрација се најпродуктивни помеѓу 15 и 17 часот. Освен тоа, ова е одлично време за секс, бидејќи овулацијата го достигнува врвот во околу 15 часот.rn

16 часот

rnНе е случајност тоа што најголем број од атлетските рекорди се поставени доцна попладне. Тогаш температурата на телото е највисока, а едно 5-годишно истражување докажало дека во тој период белите дробови функционираат на највисоко ниво.rn

19 часот

rnАко пиете лекови за снижување на нивото на холестерол, ова е најдоброто време за тоа, бидејќи во овој период се зголемува производството на холестерол. Идеално би било доколку го испиете лекот помеѓу 18 и 20 часот.rn

20 часот

rnСо заоѓањето на сонцето опаѓа и нивото на хормоните, па телото станува почувствително на алергени и на останатите иританти на имуниот систем. Во овој период се зголемени и нападите на астма, а нивната состојба се влошува уште повеќе околу полноќ. Дигестивниот систем се забавува, па затоа треба да одбегнувате тешка и мрсна храна.rn

21 часот

rnМајките кои дојат во овој период произведуваат најхранливо млеко кое е богато со маснотии и му помага на детето, но и на мајката помирно да спијат.rn

Полноќ

rnРизикот од мозочен и срцев удар е намал во периодот помеѓу полноќ и 6 часот наутро, бидејќи крвниот притисок се снижува додека спиеме. Ова е добро време за водење љубов, затоа што либидото е најголемо помеѓу 22 и 1 часот по полноќ.rnrnДоколку сакате да дознаете повеќе за вашиот внатрешен часовник, прочитајте кое е најдоброто време за секс, коктел, дремка, учење.