Во втората половина од оваа недела треба да бидете особено претпазливи бидејќи од четврток Меркур ќе биде во знакот Девица. Освен тоа, не треба да го занемарите фактот и дека моментално сме под влијание на ретрограден Уран. Еве како планетите ќе влијаат врз хороскопските знаци во поглед на финансиската состојба оваа недела.rnrn
rn
Овен
rnМеркур ќе ви влијае позитивно, а тоа ќе значи дека ќе имате енергија и мотивација за нови активности, па астролозите ве советуваат добро да ги искористите за да ги постигнете вашите цели. Сепак, внимавајте бидејќи почетокот на неделата нема да биде поволен за започнување нов проект.rn
Бик
rnЗа да ги зголемите вашите приходи обидете се да инвестирате во хартии од вредност или акции. Освен тоа, астролозите ве советуваат сите итни работи да ги завршите на почетокот на неделата. Меѓу другото, не влегувајте во долгови, не одложувајте планови и не трошете повеќе отколку што ви дозволува буџетот.rn
Близнаци
rnРетроградниот Уран може да придонесе за несакани расправии со колегите на почетокот на неделата. Сепак, кон крајот на оваа недела можете да очекувате значителен развој на професионален план и нови деловни понуди.rn
Рак
rnВо текот на оваа недела насочете го вниманието кон промена на вашите планови наместо да се грижите за конкуренцијата. Тоа ќе ви помогне да избегнете финансиски проблеми. Оваа недела ќе ви биде исполнета со предизвици, па затоа добро испланирајте го вашиот буџет. Згора на тоа, игнорирајте ја интуицијата доколку треба да донесете одлука!rn
Лав
rnНе пропуштајте ги можностите што универзумот постојано ви ги нуди. До четврток обидете се да ги вратите сите долгови, да ги исполните сите финансиски обврски и да ја завршите работата што сте ја почнале порано. Освен тоа, не дозволувајте стравот и сомнежите да ве спречат да го зголемите приходот.rn
Девица
rnШестото сетило ќе ви помогне да ја одржите материјалната стабилност во текот на оваа недела. Сепак, ќе мора да работите напорно и да вложите доволно труд и време. Кон крајот на неделата, пак, ве очекува пријатно изненадување. Следете ги берзите бидејќи ќе имате добри шанси.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn