Анксиозноста е една од најчестите состојби што го мачат општеството во моментов. За жал, вознемиреноста кај децата во последно време е на сè повисоко ниво. Родителите понекогаш не успеваат да разберат низ што минуваат нивните деца, затоа што веруваат дека тие се сè уште мали, но тоа не е точно.rnrn
rnrnОгромниот притисок од врсниците или поради училишните задачи може да нанесат голема штета врз децата, а тоа води до тоа тие да страдаат од анксиозност. Да се биде родител е неверојатно тешка и предизвикувачка работа, но и покрај тоа треба се сфати секој аспект од тоа да се биде одговорен родител.rnrnКога станува збор за анксиозност кај децата, вие како родител, треба да направите сè што е во ваша моќ за да им помогнете на децата да се изборат со таквата ситуација.rn
Што можете да направите за вашето дете да се ослободи од грижите?
rnЕдноставното тапкање по грбот веројатно нема да го смени начинот на размислување на вашето дете кога тоа е вознемирено. Но, има и други нешта што може да ги направите за тоа да се чувствува помалку стресно и посигурно да се соочи со нештата што го вознемируваат.rn
Кажете му ги овие 15 нешта за да го ослободите вашето дете од грижи:
rn
1. Знам дека се плашиш
rnТоа значи дека ги разбирате неговите емоции.rn
2. Сфаќам дека ова е тешко
rnСо оваа реченица му кажувате дека ја сфаќате неговата состојба.rn
3. Дојди да те гушнам
rnТака ќе му помогнете на детето побрзо да се опушти и да ја надмине тешкотијата.rn
4. Диши длабоко
rnПредложете му на детето да ја стави левата рака на стомакот, а десната над срцето, а потоа полека да вдиши низ нос и да издиши низ уста. Тоа ќе ја промени нивната физиолошка состојба.rn
5. Размислувај за тоа кога си бил/а среќен/на
rnТој среќен спомен или среќно место може да биде плажа, патување или некое доживување. Дозволете му на детето да се наврати на тие спомени за да ги трансформира своите емоции.rn
6. Ајде да пееме
rnСтудиите покажуваат дека пеењето го намалува стресот и ве прави посреќни. Затоа, започнете да ја пеете омилената песна на вашето дете, а може и да танцувате заедно.rn
7. Кажи ми нешто повеќе за тоа што те мачи
rnЗа да го ослободите детето, дозволете му да зборува за тоа што го мачи. Така ќе покажете интерес и ќе го активирате неговиот рационален мозок, за полесно да ја сфати ситуацијата.rn
8. Што ти вели срцето, а што мозокот?
rnНа тој начин вашето дете ќе размисли за своите емоции. Срцето можеби им вели дека е исплашено да не добие единица, но мозокот му вели дека учело и дека ќе успее.rn
9. Што е најлошото што може да се случи?
rnКога детето ќе помисли на неговите грижи како тие веќе да се случиле, проблемот се намалува. Тоа може нема да биде избрано да игра фудбал во моментот, но тоа искуство ќе го мотивира да се бори повеќе следниот пат.rn
10. Што би сторил твојот супер херој во оваа ситуација?
rnСекое дете има некој пример на кој се восхитува. Сигурно и тоа би можело да постапи како својот омилен супер херој во некои ситуации.rn
11. Дај сè од себе
rnВашето дете треба да знае дека совршенството не постои, но дека вложениот труд ќе го доведе до посакуваната цел.rn
12. Како би сакал/а да се чувствуваш?
rnКога одите на лекар вашето дете е исплашено. Наместо да се фокусира на стравот, тоа може да се фокусира на храброста. Вие треба да го потсетите на тоа.rn
13. Се сеќаваш ли кога…?
rnДецата често се преоптоваруваат со моменталните чувства и мислат дека тие никогаш нема да исчезнат. Потсетете ги дека нивните емоции се минливи.rn
14. Како да ти помогнам?
rnДетето најдобро знае што му треба од вас. Прашајте го како да му помогнете. Понекогаш и самото држење за рака може да биде делотворно.rn
15. Те сакам
rnИскреното искажување на тоа како се чувствувате кон него, за вашето дете ќе биде како топло ќебенце кое нуди сигурност и среќа. Така тоа ќе сфати дека ќе го сакате без разлика на сè и полесно ќе ја надмине ситуацијата.rnrnЗапомнете: Вие сте најдобриот пример за вашето дете, затоа бидете смирени и секогаш подготвени за разговор.rnrnМожеби сакате да ги откриете и осумте причини поради кои децата малтретираат други деца.