КАФЕ ПАУЗА

Осум причини поради кои децата малтретираат други деца

Осум причини поради кои децата малтретираат други деца

Голем број деца на возраст меѓу 6 и 13 години признаваат дека искусиле меѓуврсничко насилство. Поголемиот број од децата кои се соочиле со насилство се девојчиња. Ова е проблем на кој треба да му се обрати внимание, но најпрво треба да ги согледаме причините – зошто децата стануваат сурови?rnrnТреба заеднички да се бориме против ваквото однесување. Ајде да пробаме да ги пронајдеме причините за да ги спасиме нашите деца од трауми.rn

1. Проблеми и недоразбирања дома

rnОсум причини поради кои децата малтретираат други децаrnrnОпасно е кога децата растат во нездрава семејна средина. Постои голема веројатност децата кои се малтретирани од роднини и самите да практикуваат насилство и да покажуваат агресија врз своите врсници. Тие стануваат насилници затоа што тоа им дава можност да ја контролираат ситуацијата како што не можат дома. Ниската самодоверба води кон желба за доминација над другите.rn

2. Популарност и покажување социјален статус

rnОсум причини поради кои децата малтретираат други децаrnrnМногумина од нас имаат гледано филмови во кои популарни тинејџери ги малтретираат другите. Навидум тоа го прават од забава, но всушност тоа е начин на покажување на социјалниот статус.rnrnПопуларноста дава моќ, но има и несакани ефекти – може да води до ширење озборувања и оговарање. Истражувањата покажуваат дека децата кои се во центарот на случувањата се помалку агресивни од тие кои се настрана од нив.rn

3. Знаци на слабост

rnОсум причини поради кои децата малтретираат други децаrnrnИстражувачите сметаат дека кога децата се сигурни во себе може да ја предводат групата. На тој начин тие ја осигуруваат својата позиција и не се плашат дека ќе го загубат статусот на лидер.rnrnНо, кога децата се однесуваат агресивно, тоа може да се протолкува како знак на слабост. Тие не се сигурни за своето место во групата и одговараат со насилство за да ја сокријат нивната слабост.rn

4. Притисок од другите деца

rnОсум причини поради кои децата малтретираат други децаrnrnНие сме социјални битија и пробуваме да се вклопиме во групата. Ни се чини дека е полесно да си насилник отколку жртва.rnrnПритисокот од другите деца може да биде многу силен, па тие понекогаш мислат дека немаат друг избор освен да го прават тоа што го прават и останатите. Така, се впуштаат во групно малтретирање на другите деца кои се послаби од нив и кои не се вклопуваат во групата.rn

5. Одмазда по доживеано насилство

rnОсум причини поради кои децата малтретираат други децаrnrnКога децата се жртви на меѓуврсничко насилство во училиштето, тие и самите почнуваат да малтретираат деца со кои се среќаваат вон училиштето, како еден вид одмазда. На тој начин тие ги оправдуваат своите постапки, па дури чувствуваат и олеснување.rn

6. Недостиг на емпатија кон другите

rnОсум причини поради кои децата малтретираат други децаrnrnНекои деца може дури и да уживаат во малтретирањето и кажувањето навредливи шеги за некого поради тоа што имаат недостиг на емпатија кон другите. Тие едноставно не разбираат дека тоа боли. Затоа е важно да водиме сметка за емотивниот развој на нашите деца. Осетот за тоа што другите чувствуваат ќе ни помогне да изградиме подобри релации со другите кога ќе бидеме возрасни.rn

7. Недостиг на внимание од другите

rnОсум причини поради кои децата малтретираат други децаrnrnНа децата им треба љубов и внимание од возрасните. Тие имаат потреба да се чувствуваат згрижено. Кога детето ќе стане „невидливо“, кај него може да се развие агресија, вклучувајќи и насилство кон другите.rnrnВо ваков случај детето се труди да добие внимание и одобрување од неговите родители, но тие, всушност, не знаат како правилно да го направат тоа. Детето на кое се заборава станува насилник бидејќи, во одредена мера, тоа го прави повидлив за другите.rn

8. Стереотипи и предрасуди

rnОсум причини поради кои децата малтретираат други децаrnrnМалтретирањето предизвикано од стереотипи и предрасуди може да се случи каде било. Децата може да се соочат со него на училиште, на Интернет, или во кафуле, а тоа произлегува од верувањето дека одредени групи луѓе заслужуваат поинаков третман.rnrnСекој сака да се чувствува посебно, и кога едно дете мисли дека е подобро од друго поради неговиот социјален статус или поради други причини, има одреден начин на однесување кој може да вклучува и насилство.rnrnДали сте биле малтретирани од некого кога бевте деца? Што мислите дека треба да направат родителите, ако согледаат дека нивното дете е насилник? Разговарајте на оваа тема бидејќи тоа може да доведе и до решение на проблемот.rnrnДоколку се интересирате дополнително на оваа тема, прочитајте и како изложеноста на врсничко насилство во детството влијае врз подоцнежниот развој.