Јулија Бродскаја е родена во 1983 во Москва. Таа е позната по своите елегантни, детални, рачно изработени илустрации од хартија. Сега живее во Велика Британија, каде што работи како уметник-илустратор.rnrn
rnrnОд 2004, кога дошла во Велика Британија, почнала да се интересира за разни форми на уметност, почнувајќи од сликање на платно, изработка на оригами и колажи, па сè до потрадиционалните уметности.rnrn
rnrnВо 2006, се запишала на постдипломски студии за графичка комуникација на универзитетот Хартфордшир, кога продолжила да експериментира и да ги истражува омилените елементи во работата: хартијата, типографијата и рачните изработки со многу детали.rnrn
rnrn rn
„Типографијата е мојата втора љубов, после хартијата, и многу ми е мило што најдов начин да ги комбинирам заедно. Со ова не сакам да кажам дека ги исклучувам нетипографските дизајни. Сакам да работам на секакви проекти.“
rn
rnrnТаа многу брзо се здоби со меѓународна репутација како резултат на нејзините исклучително креативни хартиени илустрации. Соработува со многу компании, а некои од нејзините клиенти се Нокија, Старбакс и Њујорк Тајмс.rnrn



rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
