Доколку сте од оние девојки кои не користат многу шминка бидејќи не знаат како, тогаш овој водич може да ви помогне подобро да ги научите цртите на вашето лице. Откако ќе откриете точно која област каде се наоѓа и како најдобро може да се истакне, многу брзо ќе научите и како соодветно да се шминкате без притоа да изгледате како кловнови.rnrn
rn
1. Линијата каде што започнува косата
rnСтанува збор за областа каде што е работ на вашата коса, особено во делот кај челото.rnrnШто треба да направите: Нанесете бронзер околу оваа област со цел да направите вашата пудра да изгледа поприродно.rn
2. Вдлабнатините под јаболкниците
rnОваа област се наоѓа веднаш под јаболкниците. Одредени луѓе се природно надарени со високи јаболкници и изразени образи, но и вие исто така можете да го нагласите овој дел со помош на шминката.rnrnШто треба да направите: Нанесете бронзер или пудра за контура со цел инстантно да „намалите“ неколку килограми од вашето лице. Нанесете онолку колку што сакате – колку поинтензивна контура ќе направите, толку послабо ќе изгледа вашето лице.rn
3. Јаболкниците на образите
rnОваа област е онаа кај образите која се подигнува нагоре кога се смеете.rnrnШто треба да направите: Нанесете руж со цел да ги нагласите образите и да направите нивните најдобри карактеристики да се истакнат.rn
4. Мостот на носот
rnСтанува збор за областа во горниот, ковчест дел од носот.rnrnШто треба да направите: Направете вашиот нос да изгледа подолго и послабо така што ќе додадете контури на страничните делови со помош на осветлување на мостот. Сите славни личности на овој начин го добиваат својот совршен нос.rn
5. Брадата и линијата на вилицата
rnОбласта помеѓу вашата уста и долниот дел од лицето.rnrnШто треба да направите: Вам и тука ви е потребна контура. Нанесете пудра за контура на линијата од вилицата и веднаш ќе направите вашето лице да изгледа послабо. Откако ќе го сторите тоа преминете на контура на брадата со цел да ја нагласите.rn
6. Лакот на Купидон
rnВашата горна усна е во форма на лак, па токму затоа и го добила ова име.rnrnШто треба да направите: Осветлете ја оваа област со цел да направите вашите усни да изгледаат пополно. Не заборавајте и на моливче за усни за да ги дефинирате, особено кога користите силни бои.rnrn
rn
7. Работ на капакот
rnДелот од вашето око кое се превиткува кога ќе го отворите.rnrnШто треба да направите: Одредени инструкции за шминкање ја делат оваа област на три дела: надворешна, средна и внатрешна. Сè додека знаете точно каде се наоѓа овој дел, лесно можете да ги следите туторијалите за шминка.rn
8. Водната линија
rnРабот на вашите очи, во горниот и долниот дел.rnrnШто треба да направите: Горната водна линија (под горните трепки) најчесто се користи за исцртување на вашите очи со кафеави или црни бои правејќи ги трепките да изгледаат погусто и пополно. Долната водна линија најчесто се бои со бели или други посветли бои со цел да добиете ефект на поголеми очи.rn
9. Линијата на трепките
rnСтанува збор за областа каде што вашите трепки започнуваат.rnrnШто треба да направите: Моливчето за очи се нанесува и на долната и на горната линија на трепките. Колку поблиску до неа го нанесете, толку поприроден изглед ќе добиете. (Дополнителен совет: Не ја исцртувајте долната линија до крај, за да не изгледате како ракун. Наместо тоа, доволно е само четвртина од надворешната страна која е поврзана со горната линија за да добиете поприроден изглед.)rn
10. Областа каде што се формираат солзите
rnТоа е најдлабокиот агол од вашето око во близина на носот.rnrnШто треба да направите: Нанесете посветла боја со цел да привлечете светлина кон вашите очи, правејќи ги да изгледаат поголеми и будни.rn
11. Коската кај веѓите
rnОваа област се наоѓа веднаш под веѓите.rnrnШто треба да направите: Нанесете сенка за осветлување со цел да направите вашите веѓи да изгледаат повисоко и поистакнато.
