КАФЕ ПАУЗА

Истражувањата покажуваат: Вашите навики во исхраната кажуваат многу за вас

Истражувањата покажуваат: Вашата омилена храна кажува многу за вас

Живееме во време кога луѓето се опседнати со храната. Секој трет е самопрогласен експерт за здрава исхрана и начин на живот. Живееме во време кога луѓето по сè изгледа најмногу милуваат да го сликаат она што го јадат. Факт е, сите ние, помалку или повеќе сме опседнати со она што го јадеме.rnrnХраната која ја јадеме кажува многу за нашиот животен стил, воедно и за нашето здравје, но дури и за нашиот карактер. Овие истражувања покажале дека постои поврзаност меѓу карактерот на човекот и храната која најчесто ја јаде. Каде се пронаоѓате вие?rnrnИстражувањата покажуваат: Вашата омилена храна кажува многу за васrn

Зачинета и лута храна јадат оние кои бараат авантура, возбуда и адреналин

rnВо 70-тите еден истражувач на универзитетот во Пенсилванија, излегол со тврдење дека постои причина зошто некои луѓе уживаат во јадењето многу зачинета и лута храна. Имено, тие го обожаваат она чувство кога ти „гори“ устата и тоа се личности кои постојано се во потрага по нешто возбудливо.rnrnДруги истражувања пак, слично на тоа покажале дека оние кои бараат авантура и возбуда подобро поднесуваат лута храна од останатите. Истражувањето било спроведено така што на учесниците им било дадено чаша вода која содржела капсаицин, главната состојка во лутите пиперки која придонесува за лутиот вкус, и биле набљудувани и прашувани како го поднесуваат лутиот вкус во нивната уста.rnrnИстражувањата покажуваат: Вашата омилена храна кажува многу за васrn

Љубезните се прејадуваат кога се во друштво

rnОние кои се љубезни и кои се опседнати со тоа да им угодат на другите, во друштво јадат повеќе отколку што им се јаде. Овие личности обично се многу дружељубиви, па нивната желба секому да му угодат и да направат да му биде пријатно во нивно друштво, прави да јадат дури и тогаш кога не им се јаде и кога не чувствуваат глад.rnrnЕдно истражување направено на групи од млади жени покажало дека овие луѓе лесно ги имитираат навиките во јадење на оние со кои се дружат. Така, кога тој што е во нивно друштво ќе купи нешто за јадење, и тие ќе го сторат истото иако не чувствуваат потреба.rnrnСепак, не станува збор само за имитирање на навиките во исхраната на нивните пријатели. Едно друго истражување покажало како оние кои се склони кон тоа да им удоволуваат на другите јадат повеќе. Имено, кога им било понудено благо од личност која само се преправала дека е учесник во истражувањето исто како и нив, тие без збор земале. Така овие луѓе зеле многу повеќе колачиња од останатите.rnrnИстражувањата покажуваат: Вашата омилена храна кажува многу за васrn

Емотивните тајно им се препуштаат на забранетите задоволства

rnНекои луѓе се емотивни јадачи, односно нивната емотивна состојба наголемо влијае на нивната исхрана. Во едно скорешно истражување кое вклучувало 2.000 жени со цел да се објаснат нивните навики во исхраната, било откриено дека огромен е процентот на жени кои се искрадуваат и јадат од своето забрането задоволство. Некои одат до таму што тајно јадат во бањата или кријат храна во фиоките од спалната соба.rnrnИстражувањата покажуваат: Вашата омилена храна кажува многу за васrn

Совесните и разумните јадат многу овошје и зеленчук

rnЕдно истражување од 2005 покажало дека оние кои се совесни и секогаш се трудат да се раководат според правилата, повеќе се наклонети кон здравиот начин на исхрана, и најмногу консумираат овошје и зеленчук. Тоа се луѓе кои нема да ја прескокнат салатата пред главното јадење од проста причина што знаат дека тоа е редот по кој одат нештата и за ручек задолжително се јаде салата. За разлика од нив пак, екстровертите и бунтовниците полесно им се препуштаат на забранетите задоволства.rnrnИстражувањата покажуваат: Вашата омилена храна кажува многу за васrn

Екстровертите не можат да одбијат животински масти, благо и алкохол

rnВо контекст на претходното истражување, друго истражување објавено во магазинот „Appetite“, покажало дека екстровертите, слободните и несрамежливите се посклони кон брза храна, газирани пијалаци, слатки и масна храна.rnrnПоврзаноста е во тоа што овие луѓе често се излезени со пријатели и познаници што придонесува многу ретко да јадат дома, а многу често да земаат нешто да каснат набрзина. Од тука и склоноста кон брза храна.rnrnИстражувањата покажуваат: Вашата омилена храна кажува многу за васrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.