КАФЕ ПАУЗА

Погледнете ги сите нешта кои можат да создадат камења во бубрезите

Оние кои имале камења во бубрезите сигурно се запрашале како нешто толку мало може толку многу да боли. Отприлика секоја 11-та личност се соочува со овој проблем барем еднаш во својот живот, а доколку еднаш го добиете, имате 50% повеќе шанси да ви се повтори. Токму затоа погледнете ги следниве причини за камења во бубрезите кои со малку труд би можеле целосно да ги избегнете…rnrnПогледнете ги сите нешта кои можат да создадат камења во бубрезитеrn

Премалку калциум

rnАко внесувате премалку калциум во вашето тело, вие си ја зголемувате шансата за создавање камења во бубрезите. Тоа се случува бидејќи хемиските споеви кои се нарекуваат оксалати немаат со што да се спојуваат во дигестивниот систем, па токму затоа се претвораат во калциум во урината.rn

Опсесија со здрав живот

rnОксалатите се наоѓаат во зелениот зеленчук, како спанаќот. Но, ако претерано ги внесувате во вашето тело, повторно може да дојде до појава на калциум во урината. Целта е да пронајдете баланс во исхраната со тоа што нема ниту да претерувате, ниту целосно да исфрлате никаков вид храна.rn

Сол

rnДоколку навистина претерувате со солената храна, тогаш големи се шансите самите да си создавате камења во бубрезите. Ниту еден човек не би требало да внесува повеќе од 2.300 милиграми сол дневно, а оние кои патат од висок крвен притисок би требало да се ограничат на најмногу 1.500 милиграма дневно.rn

Недоволно цитруси

rnАко никогаш не јадете лимони или портокали, вие ги зголемувате шансите за појава на камења во бубрезите. Пијте барем една лимонада дневно со цел да го одржувате максимално здравјето на вашето тело и бубрези.rn

Премногу месо

rnКако што веќе спомнавме, исхраната која не е балансирана може да доведе до голем број проблеми. Исто како што претераното внесување зеленчук не е добро за вашето тело, така и честите оброци кои содржат месо нема да имаат позитивно влијание врз вашиот организам. Претерувањето со месото не остава доволно место за овошјето и зеленчук кои во себе имаат голем број состојки клучни за нашето здравје.rn

Живот на југот

rnПостои често цитирано истражување кое било објавено во 1996 година во американско списание каде што се зборува за епидемиологијата која укажува на фактот дека личностите кои живеат во јужниот дел од Америка имаат 2 пати поголеми шанси да се здобијат со камења во бубрезите отколку оние кои живеат во поумерени клими. Тоа се случува бидејќи оние кои живеат во топла клима губат многу повеќе вода од своето тело преку потењето. Кога не пиете доволно вода вие имате поголем процент на минерали во помала количини урина, па токму тоа и ја зголемува шансата за нивно поврзување во камења.rn

Црн чај

rnЦрниот чај е одличен извор на оксалати, но доколку претерувате со консумирање, вие си ја зголемувате шансата за создавање песок и камења во урината. Ограничете се на само една шолја дневно.rn

Лименка газиран пијалак

rnЧестото пиење течности е добар начин да ги избегнете камењата во бубрезите, но не сите се добри за вас. Слатките газирани пијалаци ја зголемуваат шансата за камења во бубрезите за 23%.rn

Родители

rnСклоноста кон развивање камења во бубрезите може да биде генетски наследена. Па, доколку еден од вашите родители некогаш страдал од оваа состојба, има големи шанси и вие да поминете низ истото.rn

Воспаление на цревата

rnОваа болест ја зголемува шансата за создавање камења во бубрезите, особено ако страдате од Кронова болест или улцерозен колитис. Дел од причината лежи во дехидрацијата кои овие состојби најчесто ја предизвикуваат преку дијареја.rn

Чести воспаленија на уринарниот канал

rnДоколку често патите од воспаление на уринарниот канал, тоа е знак дека можеби имате камен кој го блокира овој тракт, па затоа и сте склони на тој проблем.rn

Претерување со лаксативи

rnЛаксативите во преголеми количини ја нарушуваат способноста на телото да користи хранливи материи и лекови, притоа создавајќи дехидрација, па можеби дури и нерамнотежа во електролитите. Поголемиот број од личностите кои претеруваат со лаксативите се постари луѓе кои веруваат дека мора да вршат нужда барем еднаш дневно, како и оние кои боледуваат од анорексија и булимија.rn

Лекови за мигрена

rnПретераното консумирање различни видови лекови за мигрена може да ја зголеми шансата да се здобиете со камења во бубрезите. Овие лекови понекогаш ја зголемуваат pH вредноста во уринарниот тракт, што потоа доведува до создавање камења.rn

Телесна тежина

rnНаучниците сè уште не можат да откријат зошто личностите со прекумерна телесна тежина се посклони на создавање камења во бубрезите, но се сомневаат дека вишокот килограми ја менува содржината и pH вредноста на уринарниот тракт.