Блузите оваа сезона го имаат своето големо враќање на модната сцена, а доколку мораме да издвоиме омилен модел, тогаш тоа би било оној со панделка околу вратот. Лесни, разлетани, женствени и романтични, блузите со панделка околу вратот зрачат со неверојатен шарм. Нè потсетуваат на педесеттите, но и на осумдесеттите кога тие биле дефиниција за работен стил кај жените.rnrn
rnrnОвие блузи се голем тренд за оваа сезона, и доколку ги прифатите, тогаш ви предлагаме да ги носите во комбинација со миди молив здолниште или мини здолниште со А крој кое има оригинални џебови. Не ги заборавајте високите потпетици. Блузата со панделка околу вратот ќе изгледа неодоливо во комбинација со широки панталони, но и со пошироки фармерки. Додајте шешир и каубојски чизми за да го зачините вашиот изглед.rnrn
rnrnОваа сезона Гучи ни покажа некои од најневеројатните блузи со панделка, а високите улични брендови како што се Зара и Манго, веќе ги имаат во својата есенска понуда.rnrn
rnrnМожете да си играте со стилот и да ја врзете панделката или пак да ги оставите лентите да висат лежерно. Блузите со панделка се голем тренд за оваа сезона, без разлика дали ги носите само нив или во комбинација со елек или џемпер.rnrn
Водечки хит за сезоната есен/зима: Блуза со голема панделка!















