Неколку брилијантни идеи за декорирање на просторот со помош на марами

Сподели

Автор: Ана Петровиќ

Реклама

Не дозволувајте вашата колекција на марами да стои во плакарот. Искористете ги на креативен и интересен начин. Токму поради фактот што модата се менува и она што сте го купиле пред една деценија, веќе не го носите, тука е ентериерот на кој добро би му дошло едно мало разубавување.

Доколку сакате да внесете разиграни бои и уникатни шари во домот, во продолжение ви претставуваме неколку идеи како да го направите тоа.rn

Наслон на кревет

rnНадополнете го вашиот еднобоен кревет со преубав дезен на марама, со кој би добил сосема различна нота.

rn

Обвиткајте ја вазната

rnМарамите имаат двојна функција. Освен што ја надополнуваат вашата облека, можат да послужат и како декоративен детаљ во просторот, кој внесува свежина и радост во вашиот дом. Врзете ја вашата марама на омилената вазна за цвеќе. Ова е и одличен начин да ја маскирате обичната тегла ако немате вазна.

rn

Украс за столиците

rnНајдете една или две марами со иста должина и ставете ги на столот како украс.

rn

Марама во рамка

rnКој би се сетил да урами некој уникатен дезен на марама и да го закачи на ѕидот во некоја од собите? Прекрасна идеја, која ќе ги воодушеви вашите пријатели.

rn

Навлаки за перници

rnМарамите искористете ги и како навлака за перници. Одберете ги најубавите свилени марами, кои би придонеле за пософистициран изглед на мебелот.

rn

Марама на ѕидот

rnЕдноставно и лесно. Земете ја вашата стара марама во винтиџ стил и закачете ја на ѕидот. Можеби звучи чудно, но доколку сте љубители на боемскиот стил, ова е одлична идеја за уредување на домот.

rn

Обложете ги столиците

rnТапацирајте ги вашите столици или наслони со помош на марамите. Тие ќе добијат нов изглед, а вашата работа ќе биде завршена, бидејќи столиците ќе изгледаат како нови.

Популарно

Може ќе ве интересира