За време на новогодишните празници постојано се зборува за љубовта, како и за отвореноста на срцето кон другите. Но кога е во прашање љубовта, постојано забораваме на една важна личност, можеби дури и најважната во нашиот живот. А, тоа сме ние самите. Љубовта кон себе е исклучително важна за здрав и среќен живот. Кога луѓето сè повеќе ќе се засакуваат, неверојатно е колку нивниот живот ќе се подобри. Тие ќе се чувствуваат подобро. Ќе чувствуваат дека имаат цел во животот. Полесно ќе ги прифаќаат другите. Се подобрува дури и нивната животна ситуација. Им се подобруваат односите со останатите, исчезнуваат негативните контакти и се започнуваат нови и квалитетни. Да се сакате себеси е преубава авантура. Тоа е како да учите да летате – само што тоа нема да биде физички, туку психички. А, во тоа ќе ви помогнат овие 10 заповеди.rnrn
rn
1. Престанете со самокритики
rnКритикувањето ретко кога раѓа плод, а кога е во прашање самокритиката – таа никогаш не придонесува за подобрување на ситуацијата. Престанете да се критикувате самите себеси и прифатете се такви какви што сте. Сите се менуваат, а ако постојано се критикувате, вашите промени ќе бидат негативни. Кога ќе се прифатите во целост, тогаш промените ќе бидат позитивни!rn
2. Простете си
rnОставете го минатото токму каде што се припаѓа – во минатото. Вие тогаш сте го направиле најдоброто што сте можеле, знаеле и разбирале. Но и да не било така, немојте да се грижите за минатото. Вие можете само во сегашноста да се промените, да растете како личност и да живеете поразлично.rn
3. Немојте да се плашите
rnПрестанете да се мачите со сопствените мисли и стравови. Тоа не е никаков начин за да живеете. Пронајдете ментална слика која ви се допаѓа, која е удобна и веднаш ќе започнете да размислувате позитивно.rn
4. Бидете нежни, пријателски и треперливи
rnБидете нежни кон себе. Станете си најдобри пријатели. Имајте трпение додека учите нови начни на размислување. Однесувајте се кон себе како што би се однесувале кон некого кого вистински го сакате.rn
5. Редовно фалете си се за постигнувањата
rnМожеби сте слушнале дека фалењето не е добро, но тоа се однесува на фалењето пред другите. Овде станува збор за пофалните зборови што си ги упатувате кон самите себеси. Критиката го крши нашиот дух, додека пофалбата му дава крила. Бидете си своја потпора и заслужено чувствувајте се добро кога ќе успеете во вашите напори.rnrn
rn
6. Пронајдете поддршка
rnПронајдете начини и луѓе кои ќе ви бидат поддршка. Побарајте ги вашите блиски пријатели и дозволете им да ви помогнат. Само вистинско силните личности знаат да побараат помош кога им е навистина потребна.rn
7. Прифатете ги и променете ги вашите негативности
rnСите ние имаме свои маани, но наместо да очајувате поради нив (или да ги игнорирате) подобро прифатете ги, бидете свесни за нивното постоење и обидете се да ги промените. Пронајдете нови, позитивни начини за да ги решавате проблемите, немојте да бегате кон вашите негативности.rn
8. Грижете се за вашето тело
rnЗапочнете да се храните поздраво и да му служите на вашето тело. Која храна ви одговара? Од која храна имате поголема енергија и виталност? Научете нешто повеќе за вежбањето и започнете повеќе да се занимавате со оној начин на вежбање во кој најмногу уживате.rn
9. Сакајте се себе… И направете го тоа уште сега!
rnНемојте да чекате да се чувствувате подобро, да изгубите неколку килограми, да пронајдете нова работа, да започнете нова врска. Започнете уште сега и обидувајте се најмногу што можете.rn
10. И забавувајте се…
rnПрисетете се како сте се радувале на малите работи кога сте биле дете. Започнете да ја применувате таа „филозофија“ и сега. Обидете се во сè што правите и што ве опкружува да пронајдете нешто позитивно, нешто што ќе ве развесели. Смејте се, па дури и ако на почетокот треба да го правите тоа присилно. Ако нешто доволно долго се повторува тоа прераснува во навика – а смеата и веселбата се најдобрата навика која можете да ја стекнете.