КАФЕ ПАУЗА

10 љубовни предвидувања за 2011

10 љубовни предвидувања за 2011

Да бидеме реални. Она што е тука пред нас сега, може многу лесно да го снема утре, исто како што онаму каде што не постоело ништо, може да се роди нова љубов. Работите се менуваат за сите и љубовта никогаш не треба да се сфаќа здраво за готово. Влезете малку поподготвено на полето на љубовта во 2011. Да видиме што предвидуваат експертите за љубовта оваа година.rn.rn

1. Моногамијата ќе биде повторно „ин“.

rnБракот или барем моногамијата ќе стане повторно модерна. Позначајни ќе станат вистинските вредности во врските, а не материјалните работи. Повеќе време ќе се посветува на животот во заедниците и на добротворните акции, а помалку на расфрлање пари за скапи предмети.rnrnКако што сè повеќе истополови двојки се одлучуваат за заедничко чување деца, ова веќе нема да претставува контроверзен проблем и до крајот на 2012, многу земји ќе го прифатат правото за стапување во брак со секој.10 љубовни предвидувања за 2011rn

2. Луѓето кои се во врски ќе ја прифатат состојбата на статус кво.

rnСреќните двојки ќе сакаат да останат во врска, под услов таа да е добра. Повеќето парови ќе се воздржуваат од стапување во брак, а брачните двојки кои се во криза, ќе го одложат разделувањето и раскинувањето на браковите додека се подобри економијата во светот. Ќе се зголеми бројот на љубовни двојки од различни раси, како и на такви во кои жената е постара по 5 и повеќе години од мажот.10 љубовни предвидувања за 2011rn

3. За оние кои се сингл, факторите за неуспех ќе исчезнат.

rnСите како мали сме правеле листи на кои сме запишувале каков сакаме да изгледа нашиот иден партнер: некои преферирале високи, други крупно градени или тенки, трети со одредена боја на косата, а има и такви кои знаеле дека сакаат момче кое свири во бенд, девојка која се занимава со гимнастика и сл. Ваквите листи сега се веќе застарени. Општата состојба во светот и особено финансиската криза, предизвика многу луѓе да се запрашаат кои се нивните вистински вредности кои ги бараат кај својата идеална сродна душа.rnrnМажите и жените драстично ќе ги изменат своите листи и ќе ги намалат очекувањата, особено во однос на личниот изглед и возраста. Важно ќе биде колку е финансиски обезбедена другата личност. Ова пак не значи дека сите ќе станеме „копачи на злато“, но финансиската состојба на партнерот дефинитивно ќе се искачува погоре на личните листи.10 љубовни предвидувања за 2011rn

4. Ќе се вратиме на традиционалните улоги на родовите.

rnМажите ќе ја вратат својата лидерска улога во врските, тие ќе го имаат главниот збор и ќе станат поголеми авантуристи, посилни и заштитнички настроени.10 љубовни предвидувања за 2011rn

5. Сè повеќе луѓе ќе закажуваат состаноци преку Фејсбук и Твитер.

rnИ оние кои се и оние кои не се во врски се многу зафатени во денешно време, често работејќи многу за мали плати. Времето е луксуз. Затоа, сè повеќе врски ќе се формираат со користење на фејсбук и твитер, но и сè повеќе ќе гледаме како луѓето раскинуваат во реално време преку нивните статуси на овие социјални мрежи.rnrnСостаноци ќе се закажуваат со текстуални пораки, наместо преку телефонски повици. Раскинувањата нема да се случуваат лице в лице. Љубовта во врските на далечина се повеќе ќе се зголемува. Состаноците преку Скајп, со користење на веб-камери ќе ги одржуваат врските со своите сакани на далечина.10 љубовни предвидувања за 2011rn

6. Состанувањето преку мобилни ќе стане мејнстрим.

rn

Сè повеќе корисници на сајтовите за онлајн состанување пристапуваат од својот ајфон или ајпод и овој број продолжува да се зголемува секој месец. Причината за ова е брзината и практичноста во пристапувањето. Сервисите на мобилните оператори и апликациите за мобилни телефони ќе ни овозможуваат реално-временско договарање состаноци, дури и во движење.10 љубовни предвидувања за 2011

rnrn

7. Ќе бидеме попаметни во врска со праќањето сексуални пораки (sexting).

rnСпоред едно скорешно истражување, праќањето сексуални пораки достигнува до 15% од сите испратени пораки преку телефоните на тинејџерите, додека над 30% кај младите на 18-29 години.rnrnПраќањето сексуални слики преку мобилни телефони стана посебна вредност, а ова особено го потврдуваат сè почестите сексуални изложувања на познатите. Во тренд е и фаќањето за ваквото „зло дело“. Во 2011 очекувајте нови етички правила и можности во врска со овој тренд. Ако сакате некому да му испратите интимна слика од себеси, која притоа не може да биде копирана, препраќана и ретвитана, добрата вест е што ќе има апликации кои ќе го овозможуваат тоа.10 љубовни предвидувања за 2011rn

8. Паровите ќе почнат да применуваат забрани и ограничувања на социјалните мрежи.

rnКолку што Фејсбук и Твитер се добри за создавање нови врски, толку се ефикасни и за нивно раскинување. Замислете само колку драма може да додаваат социјалните мрежи во моногамните врски: незгодни коментари на ѕидовите кои можат да водат до недоразбирања и лутења со денови; приватни пораки кои ја преминуваат линијата на тој начин заматувајќи ја линијата помеѓу пријателството и емоционалното неверство; „спријателување“ со бивш кое може да распламти некои стари пламени што веројатно требале да останат во минатото. Листата може да продолжи до бескрај.rn

Оние кои ќе сакаат да ја одржат својата врска ќе бараат од своите партнери да ги напуштат социјалните мрежи. На оние пак, на кои не им треба дополнително затегнување на односите, може да одлучат да се повлечат од сите работи поврзани со социјалните мрежи. Со оглед на тоа дека се зголемува потпирањето на виртуелната комуникација, вештите парови ќе се реорганизираат на овој план и својата потреба за комуникација со пријателите ќе ја фокусираат на контакти со оние вистинските, наместо на оние кои само постојат на сликите на социјалните мрежи.10 љубовни предвидувања за 2011

rnrn

9. Луѓето ќе се откажуваат од онлајн состанувањето, а повеќе ќе се потпираат на стројници.

rnВо 2011 очекувајте повеќе надеж за романтични состаноци обраќајќи се до роднините и пријателите кои можат да ве спојат со некого.10 љубовни предвидувања за 2011rn

10. Астрологијата ги потврдува предвидувањата.

rnВо 2011 ќе има неколку големи планетарни промени. Некои планети ќе се движат кон знаци кој се посоодветни за нивните енергии. Еве ги главните астролошки трендови во 2011 кои се во корелација со превидувањата на неастролошките експерти:rn.rn

    rn011

  • Врзувањето ќе биде ин, необврзувачкиот секс ќе биде аут.
  • rn011

  • Ќе избегнуваме врски кои се засноваат на страв и потреба за сигурност или на грижата дека ќе бидеме осудувани од другите, за да се посветуваме на вистински врски кои се уникатни и либерални.
  • rn011

  • Мажите ќе стапнат еден чекор понапред и ќе земат поголема улога во динамизирањето на врската.
  • rn011

  • Љубовта ќе се базира на забава, авантури и спонтаност.
  • rn011

  • Ќе се намали трендот на онлајн состанување, а ќе се зголеми состанувањето преку мобилни телефони.
  • rn

rn10 љубовни предвидувања за 2011Заклучок: И ѕвездите и експертите предвидуваат дека совршениот партнер можеби нема да биде згоден, но тоа нема да биде многу важно бидејќи секако нема да го изберете врз основа не неговиот онлајн профил. Тој ќе сака вистинска и ексклузивна врска, која ќе претставува повеќе од нов статус на неговиот профил на фејсбук. Па, има надеж за 2011.rnrn