ТВ серија за животот на луѓето во 60-тите години на XX век и брзите општествени промениrnrn
Главни улоги: Џон Хем, Елизабет Мос, Џенуари Џоунс, Винсент Картејсер, Кристина Хендрикс, Џон СлатериrnrnЖанр: драмаrnrnПремиера: 19 јули 2007rnrnБрој на сезони: 4rnrnПетта сезона: 25 март 2012rnrnНаша оценка: 9rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn
rnБрзиот начин на живот и незапирливите технолошки промени како да направија да се чувствуваме изморени од времето во кое живееме. Можеби токму затоа ТВ серијата „Mad Men“ чие дејство се случува во 60-тите години на XX век, постигнува толку голем успех и популарност кај гледачите. rnrnПред само педесетина години, светот бил многу поинаков од она што е денес. Мажите морале да бидат успешни во кариерата за да носат дома пари, а од нивните сопруги се очекувало да бидат одлични домаќинки и мајки, а навечер страсни љубовџики. За разлика од денес, во овој период на жените им било особено важно да се омажат многу млади. За компјутери и паметни телефони тогаш не можело ни да се сонува, со оглед на фактот дека машината за куцање и телефонот со жица се сметале за врвна технологија.rn
rnrn
rnПриказна: Дејството на „Mad Men“ се одвива во 60-тите години на минатиот век, во една од најпрестижните маркетинг агенции во Њујорк, „Стерлинг-Купер“, каде фокусот е ставен на најмистериозниот, но и екстремно талентираниот креативен директор Дон Дрејпер.
Тој е еден многу комплексен лик со мрачно минато, кое му создава психолошки бариери во сегашноста и го прави несигурен во љубовниот живот. Навидум среќно оженет со убавата и млада Бети со која има и мали дечиња и одлична кариера во маркетингот кој не е баш ценет во тие години, Доналд изгледа како да живее живот каков што би посакал секој маж.
Но, реалноста е сосема поинаква. Тој живе двоен живот. Гледано отстрана тој е строг шеф на работното место, кој знае како се води бизнис и како се прават пари, а навечер кога ќе се врати во својот топол дом, го пречекува неговата дама со вечера на масата, а по вечерата добива и страсни бакнежи под чаршафите. Но, таа не знае за неговото мистериозно минато, ниту дека тој ѝ е неверен.
Животот на луѓето од овој период се врти околу пет работи: бизнис, љубов, секс, цигари и алкохол. Сите пушат и пијат алкохол секаде и во секое време, дури и додека се на работа. Интересен белег на серијата е и начинот на кој се третирани жените во овој период. На мажите не им претставува проблем да ги изневеруваат нивните сопруги секогаш кога ќе ги привлече некоја друга, а воедно на сопругите не им дозволуваат ниту да погледнат во друг маж, а камоли да ги изневерат. Оние жени кои се вработени, не можат да поминат еден работен ден, без да се почувствуваат понижено од некој колега, кој безобразно флертува со нив, како да се подвижно „парче месо“.
Хомосексуалците се кријат зад своите сопруги, а на хетеросексуалните мажи не им е доволна ниту најзгодната сопруга на светот, па пронаоѓаат утеха во други „мачиња“, многу чашки жесток алкохол и многу кутии испушени цигари. За разлика од денес, во тој период се сметало дека жените не можат да работат високо интелектуална работа, бидејќи „интелигентните“ професии биле наменети само за мажите.
Во борбата против таквиот систем, можат да учествуваат само најхрабрите и најупорните жени, кои се свесни за сопствената моќ. Навидум, ова е машка серија, но преку ликовите Бети, Пеги и Џоун се прикажани почетоците на вториот бран феминистички движења, кога жените се бореле за рамноправност помеѓу нив и мажите.
Во текот на четирите досега снимени сезони многу односи помеѓу ликовите ќе станат комплицирани, но и многу тајни ќе бидат октриени. Дејството постојано се преместува од бизнис климата во светот на маркетингот, кон приватниот живот на главните ликови и нивните љубовни проблеми и психолошки немири.
Сигурно нема да ве остави рамнодушни ниту стилот на облекување кој постоел во ова време. Мажите изгледаат секси „стегнати“ во нивните одела, а жените блескаат во нивните раскошни фустани и специфични фризури.
Сѐ на сѐ, ова е една оригинална и секси ТВ серија, која ќе ве потсети дека светот бил многу поинакво место за живеење пред неколку децении, но и ќе ве натера да направите паралела на моралните и етичките вредности на кои не се водело сметка тогаш, како и на оние кои тогаш постоеле, а се заборавени денес.
Кога и како да ја гледате: Зависно од тоа која епизода ја гледате, серијата може повеќе да одговара за дневна или за ноќна шема. Тоа е така, бидејќи во некои епизоди акцентот е ставен на работењето на главните ликови во маркетинг агенцијата, а во други на љубовните сплетки, сексуални авантури и драми. Не ја гледајте пред спиење, бидејќи за да ја осетите страста на серијата ќе ви биде потребна енергија, но повеќе ќе уживате доколку сонцето е веќе зајдено, така што доцното попладне е идеалниот термин резервиран за „Луди мажи“.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
