Ќе почнете да ги јадете со поглед уште пред да ги земете во рака!
rn
rnrnДали сакате вкусен, кремаст десерт во прекрасни мали шолји? А истовремено да можете ја изедете и шолјата? Тоа е сосема возможно, а и многу лесно – направете мали шолји кои се јадат и во нив послужете го десертот. Што е уште подобро, тоа нема да ви одземе многу време, а ни материјал. Одвојте половина час и малку бело чоколадо за готвење. Покрај тоа ќе ви бидат потребни и калапи за мафини и може да почнете.rn
Начин на подготовка:
rn1. Стопете малку повеќе бело чоколадо, па со него исполнете ги калапите. За полесно работење, пожелно е калапите да бидат одвоени.rnrn
rnrn2. Веднаш потоа истурете го назад чоколадото од калапите во смесата – потребно е да остане само по ѕидовите. Избришете ги рабовите за да добиете совршен облик. Оставете ги да отстојат за да се стврдне чоколадото или ставете ги во фрижидер.rnrn
rnrn3. Додека калапите се ладат, со чоколадо и шприц за шлаг, на хартија за печење направете ги дршките и тацните.rnrn
rnrn4. Оставете ги настрана да се стврднат и извадете ги калапите со малечките шолји. Внимателно извадете ги калапите, па украсете ги со шарени трошки така што прво секоја шолја ќе ја натопите во чоколадо (околу 1 см) и ќе ги ставите една по една во трошките, за да се залепат.rnrn
rnrn5. Дотогаш ќе бидат спремни и дршките и тацните, па сите делови составете ги со помош на стопеното чоколадо, прво тацната, па дршката и вашите слатки шолји се спремни.rnrn
rnrn6. Останува уште да ги наполните. Тоа може да го направите со сладолед, омилениот крем или парчиња овошје.rnrn