Дали знаевте дека дури три од четири жени повремено имаат вагинални проблеми кои бараат третман? И дали знаете дека ист број на жени често оставаат сѐ да се реши само од себе што и тоа како знае да потрае, а знае да биде и доста неудобно. Немојте да бидете како тие жени и обидете се да не дојде до тие проблеми, а доколку се случат, научете каков третман е навистина потребен. rnrn
rnrnНајголем проблем во областа на интимната нега е секако нарушувањето на вагиналната флора која ја сочинуваат добрите бактерии што всушност и ја штитат. Во случај на хормонални промени, терапија со одредени лекови, но и неправилна хигиена може да дојде до зголемен секрет, непријатен мирис, чешање, болка или печење, иритација или сувост. Овие непријатности не секогаш бараат посета кај вашиот гинеколог, но бараат посебен третман кој нема да создаде несакани ефекти или да ја влошат ситуацијата во интимното подрачје. Добра работа е што интимните „проблеми“ во некоја рака можете и самите да ги решите, а во тоа ќе ви помогнат неколку наши совети.rn
Совет број 1:
rnИзбегнувајте да носите прилепени панталони кои ве стегаат и во кои не се чувствувате пријатно. Истото важи и за долната облека. Што и да носите, тоа би требало да биде удобно, во таа мера што облеката буквално нема да ја чувствувате. Исто така, препорачливо е да ги избегнувате вештачките, синтетички материјали, особено кога станува збор за долната облека и наместо нив да користите природни материјали како што е памукот. Памучната долна облека е сето она што ви е потребно доколку не сакате проблеми од интимна природа.rn
Совет број 2:
rnЗа интимната нега многу е важно кои производи ги користите. Обичните сапуни и шампони се премногу силни за вагината, бидејќи можат да се создадат иритации или сувост што може да биде многу непријатно. Затоа, ве советуваме да се определите за производи за нега кои се специјализирани за интимната област.rn
Совет број 3:
rnОсвен соодветните производи за нега користете и соодветна „дополнителна опрема“. Задолжително користете чисти пешкири и пешкири кои ќе ги имате само за таа намена. Не е препорачливо да користите ист пешкир за сите делови од телото, што веруваме дека и самите знаете.rnrn
rn
Совет број 4:
rnВо текот на менструалниот циклус морате да бидете особено внимателни и да пристапите посериозно во негата на интимната област. Пред сѐ обидете се задолжително и редовно да ги менувате влошките или тампоните за да не создадете дополнителни иритации и инфекции. Исто така, ве советуваме да користите памучни влошки кои многу повеќе ќе ѝ одговараат на вашата кожа, исто како што е случајот и со памучната долна облека.rn
Совет број 5:
rnНа крај, доколку се случи да „закачите“ некој од вагиналните проблеми, немојте да го одложувате решавањето на тој проблем. Наш совет е доколку забележите некој од симптомите, како што е чешање, печење и каква било друга непријатност, веднаш да започнете со соодветна терапија.rnrnПогледнете кои се причините за појава на вагинални габични инфекции и природни начини на лекување.