Пролетта е период кога речиси сите почнуваат да размислуваат за нивното тело, особено за време на празниците кога сите си дозволуваме да претераме со јадење.rnrn
rnrnНа нашето тело се наоѓаат неколку критични места кои бараат интензивен тренинг за да ги стопите мастите и да ги обликувате мускулите. Едно од овие места се рацете кои е навистина тешко да ги затегнете, а е неопходно да го направите тоа за да изгледате добро во топлите денови.rnrnЗа да ги обликувате рацете онака како што сакате, потребно е доста работа и труд, но резултатите нема да изостанат. Како и другите делови од телото, и рацете бараат да им посветите посебно внимание, односно да правите вежби само за мускулите на нив. Вежбите за раце ја тестираат вашата сила и издржливост и бараат неколку серии со повеќе повторувања. Она што е добро е што овие вежби можете да ги правите кога било и каде било, па не мора да минувате часови во теретана.rnrnНа видеото во продолжение можете да погледнете неколку одлични вежби кои ќе ви помогнат да ги обликувате вашите раце за само неколку недели.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=dzWc0JTsPhgrnrnПогледнете ги и вежбите со кои можете да го трансформирате вашето тело.
Вежби што ќе ви помогнат да ги обликувате рацете за само неколку недели
