Пријателствата од детството се оние првите, спонтаните и најискрените. Пријателките од детските денови кои сме ги одбрале спонтано следејќи го инстинктот на искреност се оние кои остануваат за цел живот. Со најдобрите другарки градиме врски кои се многу поголеми од обичните пријателства.rnrn
rn
1. Тие ве разбираат најдобро затоа што имаат присуствувано на секој ваш „прв пат“ додека растевте
rnКако во моментите кога повраќавте во када по првата текила, тогаш кога го удривте ретровизорот додека учевте паралелно паркирање, кога ви раскина првиот дечко…rn
2. Поминувавте низ разни непријатни ситуации во исто време
rnВие никогаш не се задевавте меѓусебно за ненадејното растење на градите, за љубовните проблеми, за времетраењето на вашата менструација. Тие работи ви се случуваа истовремено.rn
3. Најдобрите приказни се од времињата кога сите бевте заедно
rnТоа не значи дека вашите студентски денови не се легендарни, но ништо нема да го надмине времето кога најголемите фраерки бегаа заедно од часови.rnrn
rn
4. Ве потсетуваат на некои стари луди случувања
rnНа пример како времињата кога сите се пикавте во гардероба за да пробувате градници со „D“ корпа или упорно ѕвоневте на домашниот телефон на вашата симпатија и потоа спуштавте.rn
5. Не е страшно ако не зборувате нонстоп
rnПреплавени сте со обврски и сè што сакате во моментов е да зборувате со некоја од вашите другарки од детството за тоа колку животот е зафркнат. Таа ви крева телефон и потоа вие три саати ѝ ги раскажувате вашите слатки маки. Таа не само што го слуша секој ваш збор, туку и паметно се надоврзува со своите совети, искуства и мудрости.rn
6. Тие беа тука за вас кога останатите беа ужасни
rnКога некој се однесувал ужасно со вас за време на средношколските денови, вашите вистински пријателки застанале на ваша страна и пред сите ве одбраниле, правејќи ве херој. Ништо не е подобро во животот од оставањето на некој кој не вреди, затоа што веќе сте сфатиле дека оние луѓе кои се околу вас се прекрасни.rnrn
rn
7. Кога ви треба бегство од реалноста, тие се идеално друштво
rnФактот дека повеќе не размислувате исто како вашите пријателки, не е задолжително лоша работа. Кога работите не ви одат, освежувачки е да добиете мислење од различна перспектива за вашата работа, колегите и животните проблеми. Дури можете час и половина да ги оговарате сликите на вашето момче од осмо одделение, за да ви се оттргнат мислите од сè.rn
8. Имате повеќе места кои можете да ги наречете дома
rnМожете да отидете кај една ваша другарка и да ручате кај неа, да го галите кучето на другата кое го сакате како свое, со часови да седите на подот од собата на третата и да зборувате за животот…rnrn
rn
9. Од оваа гледна точка точно знаете кои другарки ќе ви останат верни и посветени
rnПријателите од факултет може да исчезнат по некое време, колегите од работа се заменуваат со други кога ќе го смените работното место, но луѓето кои навистина ви значат, тие остануваат.rn
10. Средношколските сеќавања се најсмешни кога сте пијани
rnЗемете 3 шишиња вино и потсетете се на моментот кога добивте единица по хемија. Kолку смешно звучи сега тоа?