КАФЕ ПАУЗА

Варено вино според рецептот на Џејми Оливер

Што е зимата, ако не совршено време за чаша варено вино. Еве како во домашни услови сами да го подготвите и тоа според рецептот на одличниот Џејми Оливер.rnrn(0) vareno-vino-spored-receptot-na-dzejmi-oliver-kafepauza.mkrn

Потребни состојки:

rn

    rn011

  • 2 шишиња црвено вино
  • rn011

  • 2 мандарини
  • rn011

  • 1 лимон
  • rn011

  • 1 лимета
  • rn011

  • 200 г шеќер
  • rn011

  • 1 стапче цимет
  • rn011

  • 6 каранфилчиња
  • rn011

  • 3 свежи ловорови листа
  • rn011

  • 1 рендано мускатно оревче
  • rn011

  • 1 стапче ванила
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnИзлупете поголеми парчиња кора од мандарините, лимонот и лиметата. Во поголемо тенџере, на средна температура, ставете го шеќерот да се стопи. Додадете ги претходно излупените кори од овошјето и исцедете го сокот од мандарините. Потоа, ставете ги каранфилчињата, стапчето цимет, ловоровите листови, изренданото мускатно оревче и преполовеното стапче ванила. Сето тоа полијте го со половина литар вино.rnrnВаквата смеса нека крчка сѐ додека шеќерот целосно не се растопи во виното и оставете да се вари сѐ додека не стане како сируп. Кога сирупот ќе е готов, намалете ја температурата и додадете го остатокот од виното. Промешајте и оставете го да се готви на тивок оган уште пет минути. Веднаш после тоа послужете го во чаши и уживајте во уникатниот вкус.rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.