Воопшто не е лесно да претставите нов производ на пазарот. Понекогаш потрошувачите не се подготвени за него, а понекогаш не му наоѓаат примена. А ако се случи ова, дури и огромниот буџет за маркетинг нема да ја зголеми продажбата на производот. Во продолжение погледнете дел од најнеуспешните производи од кои некои дури и ја банкротирале компанијата.rn
1. Замрзната храна, Колгејт, 1982
rn
rnrnВо 1982-ра година од Колгејт добиле луда идеја да продаваат замрзната храна. Овој план бил навистина неуспешен најверојатно бидејќи потрошувачите ја поврзуваат фирмата со паста за заби.rn
2. Асистентот Клипи, Мајкрософт, 1990-тите
rn
rnrnКлипи (Clippy) е опишуван како најлошиот кориснички интерфејс на сите времиња. Тој се појавувал секогаш кога софтверот мисли дека на корисникот му е потребна помош, а ова им било здодевно на многу луѓе. Откако Мајкрософт го прифати неуспехот, се одлучи да го тргне.rn
3. Гугл Плус, 2011
rn
rnrnВо 2011-та година од Гугл ја лансираа нивната нова социјална мрежа. Сепак, никогаш не ги достигна очекувањата да стане конкуренција на Фејсбук.rn
4. Трамп бифтеци, Доналд Трамп, 2007
rn
rnrnДоналд Трамп ја направил „најдобрата линија“ премиум бифтеци во 2007-та година. Но, потрошувачите не се согласувале со описот „најдобра“. Производот бил тргнат од продажба по само 2 месеца.rn
5. Кристално Пепси, 1992
rn
rnrnВо 1992-ра година од Пепси претставиле нов производ – Кристално Пепси. Производот „изумрел“ една година подоцна. Дејвид К. Новак кој бил одговорен за претставување на концептот признал:rn
„Би било подобро ако се осигурев дека пијалакот има добар вкус.“
rnПродолжува на следната страница…rnrn