КАФЕ ПАУЗА

5 видови лекови без кои не смеете да одите на годишен летен одмор

Покрај кремата за сончање со заштитен фактор, препорачливо е да земете со вас и минијатурна аптека која би можела да ви притреба. Токму затоа погледнете ги следниве 5 видови лекови кои секогаш би требало да ги имате покрај вас на годишниот одмор.rnrn5 видови лекови без кои не смеете да одите на годишен летен одморrn

1. Лек против мачнина

rnАко знаете дека сте склони на мачнина за време на возењето, тогаш секогаш имајте на дофат соодветен лек за олеснување на вашите тегоби.rn

2. Лекови против болка и зголемена температура

rnБез разлика дали се во облик на апчиња или шумливи таблети, најдете ги оние кој најмногу му одговараат на вашето тело и имајте ги покрај вас за секој случај.rn

3. Средства за заштита од убоди од инсекти

rnПостојат различни видови спреови, како и лосиони за спречување на нападот од досадните комарци. Но, ако тие сепак успеат да ве пронајдат, имајте во близина и крема за смирување на воспалението од убодот.rn

4. Лекови против проблеми со желудникот

rnБидејќи сте во непозната средина, постојат шанси да го надразните вашиот желудник со нешто со кое претходно никогаш не сте се сретнале. Бидејќи вашиот стомак е еден од најчувствителните делови од телото за време на летниот одмор, секогаш имајте поддршка доколку нешто тргне наопаку.rn

5. Средства за чистење и санирање рани

rnМалите гребаници или исеченици треба да бидат соодветно исчистени и згрижени со цел да не се развие инфекција која понатаму би можела да ви предизвика поголем проблем. Исто така не заборавајте на ханзапласт и завој.