Лубеницата може да се исече на неколку начини, но обично секогаш ја јадеме на истиот. Сепак, постојат и некои покреативни начини за сервирање лубеница, благодарение на кои уште повеќе можете да уживате во нејзиниот вкус.rnrn
rnrnЛубеницата најмногу се состои од вода, затоа е идеално решение за задоволување на чувството на глад и жед. Исто така, таа е и богата со антиоксиданси и диететски влакна, па затоа се препорачува почесто да се конзумира.rn
Сок од лубеница
rnЛубеницата можете да ја сервирате како пијалак. Подготовка не е потребна, ви треба само лубеница, мраз и блендер. Исчистете ги семките од лубеницата, исечете ја на коцки и ставете ги во блендер. Додајте иста количина мраз и пуштете да се бленда неколку минути. По желба можете да додадете шеќер, мед или некој зачин. Сервирајте во длабоки чаши.rnrn
rn
Лубеница на стапче
rnАко сте љубители на овошни сладоледи или ви доаѓаат гости, а немате да послужите ништо благо, ова е идеално брзо решение во кое сите ќе уживаат. Исечете ја лубеницата на коцки (со или без кора) и едноставно набодете ги на стапчиња и пикнете ги во ладилникот на 2 часа.rnrn
rn
Лубеница како сад за коктели
rnОва е уште еден предлог за брза подготовка на одличен десерт за вашите гости. Лубеницата пресечете ја на пола, издлабете ја до кората, и содржината исечете ја на парчиња во какви било форми. Вратете ги парчињата во „садот од лубеница“ односно во половината кора и додајте рум или вотка. Ставете го целиот „сад“ во ладилникот на неколку часа за да се спојат вкусовите.rnrn