КАФЕ ПАУЗА

Узбекистански народен рецепт против гастритис

Гастритисот е многу честа појава, која започнува со болки во горниот дел од стомакот, проследени со мачнини и киселини. Таквите симптоми најчесто се појавуваат по консумација на тешко сварлива храна, а набрзо по појавата, симптомите се повлекуваат сами од себе. Но, доколку чувствувате мачнини подолго време тогаш голема е веројатноста да се развил гастритис. Станува збор за воспаление на слузницата на желудникот, којашто може да претставува голем проблем. Оваа состојба се лекува и потребно е да се воведе нов начин на исхрана. Но, секогаш во природата постојат одредени алтернативи, кои секако не ги заменуваат класичните лекови и лекарската помош, но можат да ги ублажат симптомите и последиците.rnrn(1) Узбекистански народен рецепт против гастритисrnrnВо народната традиција на Узбекистан постои еден многу ефективен лек против гастритис, кој се подготвува едноставно, а придобивките од него се големи. Рецептот може да се најде во збирката на Мухамад Хамрајев, претседател на Академијата на народна медицина на Узбекистан.rn

Потребни состојки:

rn

    rn011

  • 1/2 слатка тиква
  • rn011

  • 2 кафени лажици мед
  • rn011

  • 1 кафена лажичка јаболков оцет
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnИзлупете половина тиква и исечкајте ја на помали парчиња. Сировите парчиња ставете ги во соковник. Откако ќе го добиете сокот, на половина литар течност, додајте две кафени лажички мед и една лажичка јаболков оцет. Сокот можете веднаш да го консумирате. Овој лек ќе ви помогне против болката и мачнините во желудникот, но сокот од тиква, кој е полн со витамини и минерали се препорачува да го пијат и луѓе кои немаат желудочни проблеми.