Заеднички живот: Зближете го партнерот со вашето домашно милениче

Сподели

Вие сте навикнати целиот живот да го подредите на потребите на вашето домашно милениче, а партнерот е навикнат да живее без животни. Кога вие ќе се вселите заедно, тој/таа ќе мора да се навикне на тоа мило животинче кое вие го сметате за дел од најблиското семејство. Тоа може да биде супер искуство, но може и да ги предизвика најголемите караници. За да има хармонија и мир во домот, многу е важно вашето милениче и вашиот партнер од старт да се засакаат. Еве три совети кои би можеле да ги зближат.

Реклама

rn

1. Сфатете дека за него/неа тоа е нешто ново

rnМожеби нема природно да му/ѝ доаѓа истата секунда кога ќе влезе низ вратата да го поздрави вашето куче/маче. Затоа имајте трпение со него, бидејќи на луѓето им е потребно време да се навикнат на нови околности и им е потребен период на адаптација.rn

Реклама

2. Организирајте го времето така што тие ќе можат да се запознаат

rnАко тој/таа е љубител на кучиња, а вие имате маче, запознајте го/ја со вашето маче и определете време во кое партнерот ќе се грижи или ќе учествува во грижата за него. Тоа може да биде хранење, играње и слични активности кои можат да овозможат тие подобро да се запознаат.rn

3. Не го/ја форсирајте да го сака вашето милениче колку што го сакате вие

rnТој/таа не мора да го сака вашето милениче колку вас. Но, ако тој/таа воопшто не сака животни, може да настане голем проблем. Сепак врските бараат компромис. Овде, компромисот може да се состои од тоа што животното смее да прави. На пример: не смее да спие во креветот со вас, или партнерот не мора да се грижи за него бидејќи вие веќе знаете како да се грижите за него.

Најново

Може ќе ве интересира