Мит е дека само децата треба да пијат млеко за да имаат силни коски. Можеби не сте сфатиле досега, но вашите коски сè уште се тука и потребен им е калциум. Националниот институт за здравје вели дека и на мажите и на жените им се потребни околу 1.000 милиграми калциум дневно. Дали ја достигнувате таа бројка? Ако не, погледнете ги овие 8 симптоми за недостаток на калциум.rnrn
rn
1. Болки во ногата
rnДоколку чувствувате болки во ногата, тоа е знак за недостаток на калциум. За да го поминете овој проблем зголемете го нивото на калциум кое го внесувате. Исто така истегнување пред спиење може да ви помогне со болката.rn
2. Кариес
rnИмате повеќе расипани заби од обично? Не ги обвинувајте слатките. Кога вашето тело не добива доволно калциум преку храна или суплементи, тоа бара други извори. На пример, вашите заби.rn
3. Вкочанетост
rnСлично на болките во нозете, недостатокот на калциум предизвикува вкочанетост. Доколку почувствувате вкочанетост или трнење на врвовите на прстите, проверете дали земате доволно калциум.rn
4. Кршливи нокти
rnИсто како вашите заби и коски, ноктите исто така складираат калциум. Доколку имате недостиг од него, тоа ќе резултира со слаби и кршливи нокти.rn
5. Проблеми со спиењето
rnКалциумот помага при создавање серотонин, хормон за спиење. Кога сте во длабок сон, нивото на калциум во вашето тело расте. Па ако имате каков било проблем со спиењето, можно е да е поради недостаток на калциум.rn
6. Неправилно држење на телото
rnНиско количество калциум води кон послаби коски, а послабите коски значат послабо тело. Вашето тело одговара на оваа слабост со искривување. Неправилното држење на телото исто така води до болки во вратот и грбот.rn
7. Напади
rnКалциумот е важен за контракцијата на мускулите, па недостатокот од него може да води до напади дури и кај здрави личности.rn
8. Проблеми со памтењето
rnПовторно не знаете каде го ставивте далечинскиот управувач? Недостатокот од калциум предизвикува невролошки симптоми како што се губење на сеќавањето и халуцинации.rnrnПрочитајте и за 10-те неверојатни здравствени придобивки од само една шолја топло млеко на ден!
