Вашата спална соба треба да биде вашето светилиште. Начинот на кој собата е дизајнирана и нејзиниот декор се од исклучителна важност за сонот и одморот кој толку многу ви е потребен. По долгиот ден, спалната соба е местото кое треба ви ја понуди потребната релаксација и смиреност и да ве однесе во земјата на соништата. Затоа, претворете ја вашата спална соба во совршена оаза.rnrn
rn
1. Мек тепих
rnКога ќе ги протегнете нозете наутро и кога ќе станете од креветот, убаво е да допирате нешто меко, наместо груб ладен под. Започнете го утрото правилно така што ќе ве инвестирате во некое мало, меко тепихче.rnrn
rn
2. Цвеќиња покрај креветот
rnЧувањето свеж букет во спалната, не само што ќе им предизвика сензација на вашите мирисни сетила додека спиете, туку и ќе придонесе собата да изгледа уште помирно и поскопокојно. Внесувањето малку природа во спалната ќе ви помогне да се ослободите од стресот на крајот од денот и да се будите покрај навистина убава глетка.rnrn
rn
3. Нежно осветлување
rnАко се обидувате да ја направите вашата соба што е можно поудобна, тогаш плафонското светло нема да помогне во тоа. Наместо тоа, побарајте мала ламба – закачена на ѕид или столна ламба. Мора да биде доволно светла за да можете да читате во кревет, но не премногу силна или флуоресцентна.rnrnСовет плус: Сѐ што е со потенциометар е идеално.rnrn
rn
4. Уметност која инспирира
rnДекорот во спалната соба е многу важен и тој мора многу внимателно да се одбира – особено кога станува збор за уметничките дела. Овие слики ќе бидат првото нешто што го гледате наутро и последното нешто што го гледате навечер, па затоа бидете сигурни дека навистина многу ќе ви се допаѓаат пред да ги поставите. Одберете слики кои ви предизвикуваат пријатни чувства – среќа, надеж, освежување… Вашата спална соба треба да биде место за одмор и релаксација. Треба да се радувате кога ќе влезете во неа, а овие мали и едноставни промени можат многу да направат за вашето здравје.rnrn
