КАФЕ ПАУЗА

7 нетрадиционални скапоцени камења за веренички прстени

Можеби веќе го најдовте човекот на вашиот живот и подготвени сте да стапите во брак, но помислата на вообичаените веренички прстени ви ја уништува магијата. Вие веројатно сте една од оние девојки кои сакаат на својот прст да имаат необичен и несекојдневен прстен, што ќе зрачи со еден посебен сјај. Ние ви нудиме листа од седум нетрадиционални скапоцени камења, кои во блиска иднина можеби ќе се најдат на вашата рака.rn

Опал

rn(1) 7 нетрадиционални скапоцени камења за веренички прстениrnrnСкапоцен камен со млечно зелена боја што се прелева. Овој камен ќе донесе длабочина и необична димензија на вашиот прстен, а совршено одговара и во комбинација со дијаманти. Доколку изберете дискретна верзија од опал и дијаманти, ќе добиете најдобра комбинација од двата света.rn

Морганит

rn(2) 7 нетрадиционални скапоцени камења за веренички прстениrnrnМорганитот има прекрасна розова боја. Уникатен е по своите нијанси, прекршувањето ан светлината и издржливоста. Морганитот е од истото семејство на зелениот смарагд и аквамаринот.rn

Дијаманти со облик на круша

rn(3) 7 нетрадиционални скапоцени камења за веренички прстениrnrnВие сте девојка која ги сака дијамантите, но кога станува збор за веренички прстен, вообичаените облици на овие скапоцени камења не се вашиот прв избор. Што би рекле за прстен на кој својот прекрасен сјај ќе го покаже дијамантот во облик на круша? Станува збор за несекојдневна и нова димензија на вашите омилени светкави камења.rn

Морганит со облик на круша

rn(4) 7 нетрадиционални скапоцени камења за веренички прстениrnrnДоколку се одлучите за морганит обликуван во форма на круша нема да згрешите. Напротив, прстенот на вашата рака ќе го привлече вниманието на сите околу вас. Топлиот морганит и прекрасниот облик се прекрасна комбинација за нежните раце.rn

Обоени камења

rn(5) 7 нетрадиционални скапоцени камења за веренички прстениrnrnСафири, рубини, жолти дијаманти, смарагди… Неверојатна палета на бои. Единствено што ви треба да ја ослободите вашата креативност и да изберете еден од овие камења кои ќе ја истакнат вашата личност и ќе донесат виножито од бои на вашата рака.rn

Непреработени дијаманти

rn(6) 7 нетрадиционални скапоцени камења за веренички прстениrnrnДоколку сакате да зрачите со уникатност, обидете се да пронајдете дијамант во неговата природна форма. Дијамантите кои се помалку преработени зрачат со особен карактер и шарм.rn

Месечев камен

rn(7) 7 нетрадиционални скапоцени камења за веренички прстениrnrnОвие сјајни камења зрачат со особен квалитет, кој прилега на сечија кожа. Комбинирајте еден ваков камен со злато со розов сјај и двојни тенки жици и ќе добиете уникатен примерок на веренички прстен.