Планетата Земја одозгора – поглед од ISS

Сподели

Низ човековата историја, само неколкумина среќници имале можност да ја видат планетата Земја на оддалеченост од многу километри во вселената. Нашата тивка и спокојна сина планета и нејзиниот географски карактер, се навистина голем предизвик за дигиталните камери на посадата на Интернационалната Вселенска Станица (ISS).Еден од нив ги документира сите овие визуелни искуства и ги споделува преку твитер. Полковникот Даглас Х. Вилок го фотографира целиот свет во целата негова величественост која навистина одзема здив. Фотографиите ги прави мануелно и директно од ISS. На фотографиите се прикажани Ураганот Ерл, реката Нил навечер и уште многу повеќе, сите претставени од една поинаква перспектива која можеби никогаш нема да ја искусите. А еве и линк до твитпик-акаунтот на полковникот: http://twitpic.com/photos/Astro_Wheels.

Реклама

rn

Реклама

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

Најново

Може ќе ве интересира