Уште еднаш чудните трендови за убавина се рашируваат со неверојатна брзина. Овој пат станува збор мали уметнички ремек-дела на носот.rnrn
rnrnРечиси секој дел од лицето го имаше својот момент. Од малите цртежи на усните, до уметноста на очните капаци, лицата беа трансформирани во вистинска уметност. Се разбира, овде се и безброј трендовите низ кои поминаа веѓите.rnrn
rnrnКористејќи четки и сенки, мејкап артистите ги цртаат своите носови. Обично носот не е дел што би го декорирале, но со малку вежбање се добиваат навистина добри резултати.rnrn
rnrnИзворот на овој тренд е непознат бидејќи нема една личност која може да се нарече креатор.rnrn
rnrnТрендот не ја ограничува вашата креативност. Можете да нацртате секакви форми, или пак да ставите неколку нијанси боја на вашиот нос.rnrn
rnrnДали би го пробале овој најнов тренд?rnrnПогледнете и кои се модните трендови кои ќе владеат оваа година.
Уметност на носот: Следниот популарен тренд на Инстаграм
