Ако постојано се чувствувате како да сте дел од некоја животна трка, не се лажете. Секојдневно се тркате за подобар живот, за партнер, за работа, за подобра плата итн. За да успеете да победите во неа потребно е да ја истрчате, но и да ја совладате конкуренцијата. Затоа треба да поседувате одредени квалитети кои ќе направат да се издвојувате од оние околу вас и да бидете подобри од нив.rnrn
rn
1. Приспособливост
rn
„Мудриот човек се приспособува на околностите како што реката се приспособува на коритото.“ – стара кинеска поговорка
rnЛуѓето низ историјата постојано се приспособувале на околностите, затоа и сè уште постои нашиот вид. Ние денес се соочуваме со многу помали предизвици на кои треба да се приспособиме, а малкумина се доволно флексибилни за да се издвојат од другите. Затоа оваа особина може далеку да ве однесе.rn
2. Учење
rn
„Живеј како да треба утре да умреш. Учи како да треба вечно да живееш.“ – Ганди
rnИмајте отворен ум и учете сами. Набљудувајте го светот и поставувајте прашања за она што не ви е јасно. Немојте да бидете една од оние личности која мисли дека знае сè и дека ја сфаќа реалноста подобро од кој било друг.rnrn
rn
3. Скромност
rn
„Нема ништо благородно во тоа да бидеш супериорен во однос на соговорникот. Благородно е да бидеш супериорен во однос на твоето поранешно ’јас’.“ – Ернест Хемингвеј
rnНикој не сака да ги слуша другите како се фалат за своите успеси. Тие изгледаат како да бараат внимание за себе и признание за она што го сториле. Луѓето не се привлечени од оние кои се само надарени за нешто, туку од оние кои остануваат скромни и покрај својата надареност.rn
4. Амбиција
rn
„Интелигенцијата без амбиција е како птица без крилја.“ – Салвадор Дали
rnНе е доволно само да сте паметни. Мора да знаете како да го искористите својот памет, а мора да имате и амбиција да го направите тоа. Апатијата е голем непријател. Бидете амбициозни, негувајте ја желбата да ги совладате предизвиците на патот и успехот нема каде да побегне.rn
5 . Барајте помош
rn
„Талентот добива натпревари, но интелигенцијата и тимската работа освојуваат првенства.“ – Мајкл Џордан
rnНемојте да мислите дека сè можете да постигнете сами. Многу ќе се издвоите од конкуренцијата ако сфатите дека за некои работи ви треба помош. Гордоста не е одлика на победниците.rnrn
rn
6. Трпеливост
rn
„Трпеливиот може да постигне што и да посака.“ – Бенџамин Френклин
rnПатот до успехот е долг. Секој обид да го скратите само ќе ве врати на почетокот. Бидете трпеливи затоа што ништо не се постигнува на сила.rn
7. Бидете свои
rn
„Никој не може да ве понижи без ваша согласност.“ – Еленор Рузвелт
rnНе дозволувајте другите да ви кажуваат колку сте успешни според нивните лични критериуми. Вие си имате ваш поглед на животот, сопствени вредности и така формирате свој став.rn
8. Оптимизам
rn
„Јас во основа сум оптимист. Да се биде оптимист значи главата да биде свртена кон сонцето додека нозете се движат напред.“ – Нелсон Мандела
rnНегативноста е бескорисна. Нема никаде да ве однесе освен во некое скришно катче каде што ќе се самосожалувате за тешкотиите. Останете позитивни затоа што успехот не е вечен. Има и моменти кога нема да биде лесно, но ако еднаш ви одело, и повторно ќе ви оди.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.