Додека жените максимално се трудат да се дотераат за да заблескаат на првиот љубовен состанок, мажите се всушност многу едноставни суштества. Тие не забележуваат детали како што се фризурата, накитот, чантата или модните додатоци, бидејќи окото им оди на сосема други работи. Во една анкета спроведена врз мажите, откриени се петте женски модни парчиња, кои им се многу секси на мажите и коишто сакаат да ги видат на секоја жена којашто ги привлекува.rn
Спортски хеланки
rnИма ли нешто посексапилно од женско тело облечено во тесни хеланки за вежбање, кои ги истакнуваат бутовите и задникот? Вака отприлика гласеле одговорите на голем број мажи вклучени во анкетата. Иако можеби на повеќето жени ова парче облека не им е толку значајно, сепак тоа е дефинитивно број 1 кај мажите, кога станува збор за секси женска облека.
rn
Молив–здолниште
rnТесното здолниште до колена кое максимално ја истакнува линијата на женското тело, е облека во која речиси секој маж сака да ги види жените. Иако станува збор за едно едноставно модно парче, сепак во него жените може да изгледаат многу елегантно и секси, а притоа да не откријат нити еден милиметар гола кожа.
rn
Мал, црн фустан
rnМалиот црн фустан го обожаваат жените, но очигледно и мажите. Нивната девиза „помалку е повеќе“, навистина држи вода. Ова минималистичко парче кое ја потенцира елеганцијата и сексапилот, совршено ја опишува машката фантазија во која гледаат фатална убавица на коктел забава, со чаша со шампањско во рака и неодолив поглед кој им ги пресекува нозете.
rn
Припиени фармерки
rnТесните цевчести фармерки кои ги обвиваат женските нозе од бутовите до глуждовите, се вистински магнет за мажите. Воопшто, фармерките според мажите се многу сексапилно парче облека, а кога тоа уште и ги истакнува сите атрибути на женското тело, тогаш станува збор за полн погодок.
rn
Високи потпетици
rnНајсексапилното модно парче кое никогаш нема да ги изневери жените, се секако чевлите на високи штикли. Кондурите и сандалите на висока штикла, кои го оптегнуваат секое мускулче на нозете и ја издолжуваат фигурата, се најчестото женско оружје за заведување на мажите.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

