КАФЕ ПАУЗА

Треба да научите како да се справите со болката, а не да ја игнорирате

Треба да научите како да се справите со болката, а не да ја игнорирате

Written by

in

,

Депресијата знае да биде навистина болна, но не мора да живеете во страв од неа. Човечкиот организам е приспособен да одговара на болка. Доколку се соочувате со болка имате две опции:rn

    rn011

  • Препознајте го причинителот на болката и внимателно одбегнувајте го.
  • rn011

  • Научете како да се справувате со таа одредена болка за потоа да можете целосно да ја елиминирате.
  • rn

rnТреба да научите како да се справите со болката, а не да ја игнориратеrnrnВтората опција е онаа што ја прави разликата помеѓу луѓето кои достигнуваат личен развој и оние кои не успеваат да стигнат до тоа ниво. Општеството сака херои и хероини, луѓе кои претрпеле неизмерна болка затоа што сите ние сметаме дека благодарение на екстремната болка тие научиле вредна животна лекција. Многу често мислиме дека ние не треба самите да минуваме низ тој процес на учење, бидејќи веќе ги имаме нивните херојски лекции како пример. Но, луѓето не учат на тој начин. Секој од нас мора сам да ја научи болната лекција од сопствениот живот. Никој друг не може да го направи тоа за нас.rnrnВо процесот на справување со болката, вие не сте набљудувач. Не смеете да седите отстрана. Морате да ја доживеете целосно, особено тогаш кога ви е најтешко. Секој од нас може да ги победи тие потешкотии и да се чувствува добро поради тоа. Доколку сте повредени, тоа значи дека ви се нуди одредена можност. Искористете ја. Тоа ќе го направите само ако целосно ги доживеете вашите чувства.rnrnТоа не значи дека треба да размислувате за вашата болка засекогаш. Доволно е да ја почувствувате еднаш толку силно што таа ќе помине низ вас и евентуално ќе излезе надвор од вас. Поентата е да ги доживеете послабите болки кои ќе ја подобрат вашата толеранција. Како што вежбате, лекциите ќе стануваат позначајни и болката ќе станува поднослива.rnrnТреба да научите како да се справите со болката, а не да ја игнориратеrnrnПостојат одредени методи кои ќе ви помогнат во оваа задача. Можете да медитирате, да правите вежби за дишење или да го практикувате кој било друг метод што ќе ви ја зголеми свесноста за вашата присутност во сегашноста. Најважно е да не ја блокирате болката, бидејќи тоа ќе ви го попречи процесот на учење.rnrnКога ќе ја научите лекцијата од одредена болка, никогаш повеќе нема да морате да ја почувствувате истата. Ќе видите дека причинителот кој ве вадел од колосек го нема повеќе истиот ефект. Наместо да се запрашате „Зошто мене?“ кога ќе почувствувате болка, обидете се да си го кажете следново:rnrn„Добредојде непрестајна болко. Ајде да видиме колку си силна. Удри најдобро што можеш! Подготвен/а сум!“rnrnВерувајте дека исто како што доаѓате до точка кога не можете да смеете повеќе или не можете да плачете повеќе, ќе дојдете и до точка кога нема да можете да ја чувствувате болката повеќе. Најдете ја таа точка и ќе ја научите лекцијата на болката и нејзиниот причинител.rnrnПочнете од помалите работи и полека искачувајте се кон големите. Со текот на времето, дури ниту екстремно болните работи нема да можат да допрат до вас. Само треба прво да ги почувствувате и да им дозволите да поминат низ вас.