Топлите температури конечно го достигнуваат својот врв и еден по еден, сите почнуваме да правиме планови за летниот одмор. Имајќи го тоа на ум, ако сте како и сите останати девојки на оваа планета, тогаш сигурно ќе сакате да направите неколку незаборавни фотки по кои ќе ја памтите вашата летна авантура. Еве како да го постигнете тоа…rn
1. Стојте на прсти
rn
rnrnНаклонот на плажата може да биде суров, особено кога станува збор за директните фотографии. Најдобриот начин да балансирате за овој проблем е да глумите дека носите замислени високи потпетици. На овој начин ќе ги издолжите вашите нозе, но истовремено и ќе направите да изгледаат многу позатегнато.rn
2. Префрлете ја тежината од едната страна
rn
rnrnДа, аглите навистина имаат големо значење. Вртењето на вашето тело или ногата (дури и минимално) може да има големо влијание врз тоа како изгледате на фотографиите. Едноставно потсетете се на вашите омилени ѕвезди и нивните пози на црвениот тепих…rn
3. Подигнете барем една рака нагоре
rn
rnrnНајлошото нешто што можете да го направите во која било фотографија (со костим за капење или без) е да ги опуштите рацете покрај вас. Токму затоа посегнете по шеширот, вашите очила за сонце или направете што било друго што во тој момент ви делува природно и опуштено.rn
4. Не заборавајте да ја навалите вашата брада
rn
rnrnКога сонцето е високо на небото може да „фрли“ сурови сенки на вашето лице. Со подигнувањето на главата нагоре, дури и за сантиметар, можете да се ослободите од сите видови темнини и да го осветлите вашето лице за фотографијата.rn
5. Користете ја водата во ваша корист
rn
rnrnБрановите се вашите најдобри пријатели кога станува збор за покривање на оние делови од вашето тело кои ви предизвикуваат несигурност, како колковите или нозете. Само осигурете се дека стоите исправено со цел да ја скриете вашата намера.rn
6. Никогаш не заборавајте, позирањето не е секогаш основа за легендарните фотографии
rn
rnrnКолку и да се трудите, едноставно не можете да ја направите совршената фотографија „во движење“ доколку притоа се обидувате да се наместите во таква положба. За овие фотографии е потребна друга личност, која воопшто нема во план да ве фотографира – но, ќе го стори тоа бидејќи ќе почувствува дека набљудува нешто легендарно.