Тортите на безброј почетници во кујната им предизвикуваат страшни маки во текот на првиот обид и совладувањето на рецептот. Токму затоа, наједноставната торта од палачинки е идеалното решение. Наполнета со бадеми и збогатена со павлака, ќе ги задоволи сетилата на сите љубители на слатките, а ќе признаете дека со палачинките е тешко да се погреши.rnrn
rn
Потребни состојки за палачинките:
rn
- rn011
- 5 јајца, одвоени жолчка и белка
- 50 грама шеќер
- 50 грама брашно
- 175 милилитри млеко
- 50 грама растопен путер, половина во смесата, а половина за премачкување на тавата
- ½ лажица прашок за печиво
- прстофат сол за снег од белки
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Потребни состојки за полнењето:
rn
- rn011
- 3 јајца, одвоени жолчки од белки
- 25 грама шеќер во прав
- ½ лажица ванилин шеќер
- нарендана кора од еден лимон
- 115 грама мелени бадеми
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
За премачкување:
rn
- rn011
- Околу 150 милилитри кисела павлака
rn
rn
Подготовка на палачинките:
rnПосебно изматете го снегот од белките. Жолчките изматете ги со шеќерот, додајте млеко, брашно, растопен путер и на крај лесно измешајте го снегот од белките. Од оваа смеса испечете четири дебели палачинки на умерен оган во тава со иста големина како калапот за торта во кој подоцна ќе ги наредите, премачкан со растопен путер.rn
Подготовка на полнењето:
rnПостапката со јајцата е иста како и кај смесата со палачинките. Изматете ги белките одвоено. Во друг сад изматете ги жолчките, додајте шеќер, кора од лимон, лесно измешајте го снегот од белките и на крај додајте ги мелените бадеми.rn
Завршно редење на тортата:
rnВо калап за торта, најдобро обложен со хартија за печење, ставете една палачинка и премачкајте ја со третина од полнењето. Повторете ја постапката уште два пати. Последната палачинка премачкајте ја со кисела павлака. Печете ја тортата од 20 до 25 минути на температура од 200 Целзиусови степени. Послужете ја посипена со шеќер во прав.