Ѕидната полица е едно од најфункционалните парчиња мебел што може целосно да го промени просторот во кој се наоѓа. Полиците не служат само како место за складирање вредни предмети, туку тие му додаваат и уникатност на ентериерот, особено ако добро ги вклопите.rnrnНа пример, во дневната соба е најдобро да ги сместите над телевизорот ако имате простор. Набавете „лебдечки полици“ што совршено ќе го пополнат тој простор и ќе привлечат внимание над телевизорот, а не само на екранот.rnrnrnrnЉубителите на книги може да ги стават омилените наслови на тие полици. Ако сакате да внесете поголема живост во просторот, ставете растенија на полиците. Комбинирајте ги боите на полиците со друг мебел или нека бидат во целосен контраст ако сакате да ги потенцирате.rnrnНа детските соби секогаш им е потребен дополнителен простор за складирање играчки, книги и други предмети. Убавата полица во бела и златна боја може да ѝ додаде модерен допир на детската соба, а нема да погрешите со полиците во малку поневообичаени форми.rnrnrnrnПолиците може да ги распоредите и во форма на куќа со покрив, а децата ќе бидат воодушевени и со задоволство ќе учествуваат во украсувањето на просторијата и во престојот во неа, но и во нејзиното чистење. Меѓутоа, ако не сакате децата да турнат сè од полиците, ставете ги високо на ѕидот.rnrnПолиците се одличен додаток и во оставата и кујната, особено ако ги поставите низ целата просторија.rnrnrnrnОние кои сакаат да читаат книги можат да одвојат дел од ходникот или од дневната соба и да постават полици по целиот ѕид.rnrnrnrnВо однос на материјалите, полиците од дрво и метал изгледаат одлично во индустриски средини, а стаклото добро ја надополнува современата естетика. Тркалезните или затворените полици поставени на ѕидот изгледаат многу модерно.rnrnЅидните полици во форма на дијамант во златна боја му даваат луксузен допир на секој простор, а на нив можете да ги чувате највредните предмети. Полиците стануваат сè поинтересни, па затоа доаѓаат и во форма на дрво на кое можете да ставите книги.rnrnrnrnПокрај тоа што ќе бидат функционални, тие ќе ѝ дадат посебна нота на просторијата во која се наоѓаат и сигурно нема да останат незабележани.rnrnПогледнете ги овие 10 трендови за уредување на бањата што ќе бидат популарни оваа година.
Ѕидни полици: Експериментирајте со формите во детската и во дневната соба
