Признатиот мастер за боречки вештини, Виктор Лиалко, напишал книга во која ги опишува најефективните методи за самоодбрана кои можат да им помогнат на жените кога се нападнати. Во продолжение погледнете ги најефективните и најлесните движења за разни ситуации. Овие техники може да ги изведе секоја жена, без разлика колку е голем напаѓачот.rn
1. Запомнете ги ранливите места
rn
rnrnБез разлика колку е голем или тежок напаѓачот, можете да го победите ако ги знаете слабите точки. Главните се очи, нос, грло, гради, колена и препони. Можете да напаѓате на кој начин сакате, но важно е да запомните дека најефективните движења се насочени кон овие места.rn
2. Наједноставните и најефективните движења
rn
rnrnЕдно од најдобрите движења што ќе го натераат напаѓачот да падне на колена е фаќање на зглобот. Фатете ги малиот и домалиот прст со едната рака, а средниот и показалецот со другата и свиткајте му го зглобот. Ако не можете да ја фатите раката на противникот, удрете го со тупаница или со прст помеѓу клучните коски или адамовото јаболко. Ова ќе ви даде време да избегате.rnrn
rnrnНајочигледно место за напаѓање се препоните. Сите курсеви за самоодбрана советуваат да целите кон овој дел. Ударот во препоните ќе го парализира напаѓачот и ќе ви даде време да избегате.rn
3. Ако ве фатат однапред
rn
rnrnАко напаѓачот ве фати однапред и не можете да ги кренете рацете, придвижете ги дланките напред и направете тупаници пред вашата карлица. Ова ќе направи доволно простор помеѓу вас и напаѓачот. Потоа удрете го напаѓачот по нос со вашето чело. Поради ударот, тој ќе се оддалечи од вас, а ова ви е шанса да го удрите по препоните со коленото.rnrn
rnrnАко сè уште има простор помеѓу вас и напаѓачот, можете да се заштитите со вашата дланка. Исправете ја левата рака и удрете го напаѓачот по брадата и носот со десната. Потоа удрете го во препоните. Ова ќе го дезориентира напаѓачот и ќе имате време за бегање.rnrnПродолжува на следната страница…rn
