КАФЕ ПАУЗА

На кои работи треба да се сетите секогаш кога ќе помислите дека не сте доволно вредни?

На кои работи треба да се сетите секогаш кога ќе помислите дека не сте доволно вредни?

Written by

in

,

Дали некогаш сте се почувствувале дека не сте доволно добри? Тоа е сосема нормално, но во тој случај треба да имате неколку нешта на ум кои ќе ве натераат да верувате дека заслужувате многу повеќе. Во продолжение прочитајте за што станува збор.rnrnНа кои работи треба да се сетите секогаш кога ќе помислите дека не сте доволно вредни?rn

1. Вашите лузни се вашиот доказ

rnБез разлика дали се физички или емотивни, вашите лузни се доказ дека сте доживеале одредени нешта. Тие се сведоштво за тоа колку сте биле силни и колку напорно сте се бореле во текот на животот. Затоа, имајте ги предвид секогаш кога ќе помислите дека вие не сте доволно вредни.rn

2. Никој не е ист како вас

rnЛуѓето можат да ве омаловажат и да направат да се чувствувате безвредно и бескорисно, но никогаш нема да можат да бидат како вас. Тие никогаш нема да можат да ве заменат.rn

3. Секогаш можете повторно да се обидете

rnНеуспесите се само мали пречки. Тие се потсетници кои ќе ви помогнат повторно да се фокусирате и да го преиспитате начинот на кој се справувате со предизвиците. Така, тие се знаци кои можат да ве предупредат доколку одите пребрзо или пребавно на патот кон своите цели. Сепак, и покрај нив, запомнете дека секогаш можете одново да се обидете.rn

4. Доволни сте за вистинските луѓе

rnСекогаш сте доволни за оние кои се свесни за вашата вредност. Без разлика низ што сте поминале или низ што ќе поминете во иднина, тие луѓе секогаш ќе ве гледаат со почит.rn

5. Вие сте способни

rnВие сте способни да преживеете и да ги остварите вашите сништа. Навистина, понекогаш заборавате колку сте силни сè додека тоа не биде единствениот избор кој ви преостанува.rn

6. Работете на личниот развој

rnПред да почнете да се грижите за работите врз кои немате контрола обидете се да поработите на личниот развој. Дали причината поради која не верувате во себе е фактот дека не се сакате доволно себеси? Обидете се да се прифатите такви какви што сте.rn

7. Губењето работи/луѓе понекогаш може да претставува добивка

rnПонекогаш сметаме дека никогаш нема да бидеме доволно добри особено откако сме изгубиле нешто што сме сметале дека е вредно за нас. Но, на крајот заклучуваме дека токму таквото искуство нè направило посилни.rn

8. Сè уште сте тука

rnЗапомнете дека сè уште сте тука и дека сè уште дишете и покрај сите бури и премрежиња.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за што треба да правите секогаш кога сметате дека не сте доволно вредни, можеби ќе сакате да прочитате и од кои работи нè лишува недостатокот на самодоверба.rnrnИзвор: themindsjournal.com