Можеби би претпоставиле дека веројатноста за љубов на прв поглед е висока, но што ако не е?
rn
Наша оценка: 8/10
rn
Ваша оценка: [ratings]
rn
rnrnЉубов на прв поглед, ха? Да бидеме реални, не постои такво нешто. Ако ме прашате мене, љубовта е резултат на нешто што се гради подолго време, нешто што треба да созрее. Но, хемијата и те како се создава на прв поглед и тука нема многу комплицирани прашања и размислувања, едноставно магијата е тука. „Статистичка веројатност за љубов на прв поглед“ звучи како вистинска романса нели? Ако претпоставите дека веројатноста за такво нешто е многу висока, но што ако не е? Книгата на Џенифер И. Смит всушност зборува за прекрасните случајности кои ни ги носат најубавите моменти на овој конфузен и по малку фрустрирачки свет, особено оние случајности кои имаат моќ да нè поврзат со важна личност која може да ни го промени животот. А Џенифер креирала слатка приказна за двајца млади за да го пренесе токму тоа.rnrn
rn
Доделуваме 2 книги во соработка со издавачката куќа Сакам книги
rnrnrn
rnrnХедли мрази аеродроми. Ги мрази гужвите, тесните авиони, мрачните сценарија кои ѝ поминуваат низ глава благодарение на нејзината фобија а уште повеќе мрази што сега мора да лета до Лондон за да присуствува на свадбата на нејзиниот татко. Помина веќе долго време откако нејзините родители се разделија и Хедли всушност досега требаше да се навикне на фактот дека нејзиниот татко живее преку океан и има сосема нов живот, но чувството на горчина и бес сè уште тлее во неа. Таа доцни на аеродром цели четири минути, што и не е многу, но сепак Хедли го испушта авионот и сега постои голема шанса да задоцни на свадбата на која не ни сака да оди. Среќа, конците на судбината интересно се заплеткуваат па Хедли се запознава со симпатичниот Оливер кој е на наредниот лет со неа и галантно се понудува да ѝ го носи куферот наоколу. Оливер е Англичанец кој студира на Јејл, но не сака да открие што, има одлична смисла за хумор и омилен автор му е Дикенс. Плус, одлично му оди од рака кога треба да ѝ помогне на Хедли да ги надмине нападите на паника. Сакате да знаете за уште една симпатична случајност? Седиштето на Хедли е 18А а седиштето на Оливер е 18В. Како и да е, овие двајца поминуваат неколку часа на аеродромот и плус цела ноќ во авион што е сосема доволно за „хемија на прв поглед“. И како што обично се случува на аеродромите во сите овие романтични приказни, Оливер ја бакнува, се разделуваат во гужвата без да разменат контакт и статистичката веројатност хемијата на прв поглед да премине во љубов се симнува на нула. Хедли успева некако навремено да стигне на свадбата на татко ѝ и во еден момент во целиот тој хаос од измешани чувства сфаќа дека нешто е изменето.rnrnРаскажувањето и динамиката се одлични, соодветни за приказната која нема тенденции да биде епска љубовна драма туку едноставно топла приказна со прилично едноставни и секојдневни ликови. Пред некое време споменав дека книгата „Светот не е фабрика за исполнување желби“ ми ги измести критериумите особено кога станува збор за ваков жанр и кога се раскажува за љубовта на млад пар, така што не верувам дека во скоро време ќе наидам на некои кои можам да ги ставам на исто место со Хејзел и Августус, но и овие двајца прилично добро се рангираа на листата. Интересните разговори, начинот на кој се поврзуваат и се разбираат е дефинитивно голем плус за целата приказна. Од друга страна, книгата обработува проблем кој за жал е сè почест и во нашата поблиска околина, тешкотиите низ кои поминуваат разделените семејства и како децата се справуваат со тоа особено во тинејџерски години. Мислам дека младите читатели кои можеби доживеале такво нешто ќе успеат да се пронајдат во оваа топла приказна и можеби ќе си помогнат полесно да го пребродат сето тоа.rnrn

