Една од најголемите грешки кои можеме да ги направиме е да не водиме сметка за нашата нега, додека не дојдеме во некои посериозни години каде што за исправање на грешките од минатото е малку доцна. Затоа, започнете да мислите на евентуалните последици уште сега, додека сте млади, и доколку сè уште не сте наполниле 25 години, тогаш сè уште имате време да ги усвоите овие 10 одлични навики. Ќе видите, ќе ни бидете благодарни подоцна.rnrn
rn
1. Немојте да го „лажирате“ вашиот тен
rnБез разлика колку сте бели и колку не ви се допаѓа вашиот тен, имајте на ум дека вашето здравје не треба да страда поради сончањето. Кога ќе остарите, ќе ви стане јасно дека да бидете „препечени“ не е ниту убаво, ниту пак здраво. Заборавете на солариумот, а доколку се сончате природно, тогаш сончајте се паметно, користејќи крема со заштитен фактор.rn
2. Секогаш користете крема со заштитен фактор
rnНе само кога се сончате, туку и кога се шетате, а надвор времето е сончево. Колку пати ви се случило да се шетате час или два, а кога ќе се вратите дома да сфатите дека сте „изгореле“? Токму затоа и задолжително мора да ја усвоите оваа навика.rn
3. Засакајте го карминот
rnМожеби ова ви се чини чудно, но многу девојки сè уште не се осудуваат да носат кармин, бидејќи им се чини дека нивните усни изгледаат големо, дека не им одговара и разни други причини. Секоја од нас може да носи кармин и да ѝ одговара, само потребно е да ја избереме вистинската нијанса и да се навикнеме на таа боја врз нашите усни.rnrn
rn
4. Негувајте ја својата кожа правилно
rnВие сте млади, убави, затегнати и сè е во ред кога е вашата кожа во прашање. Сепак размислете, таа е одлична сега, но каква ќе биде после 25 години? Мислете на тоа и започнете со правилна нега – чистење на лицето, тоник, хидратантна крема плус крема за пределот околу очите. Ќе бидете уште поубави, а со тек на времето и многу благодарни поради усвојување на оваа бјути навика.rn
5. Депилација
rnИ ова најверојатно се подразбира, но многу девојки попрво би го избрале бричот отколку депилацијата. Сепак, депилацијата помалку ѝ штети на вашата кожа, а освен тоа, многу е веројатно непосакуваните влакненца да се проретчат и побавно да растат. Ако размислувате на подолго време, ова е тоа што ви е потребно!rn
6. Избегнувајте ја надградбата на ноктите
rnСега барем се во тренд кратките, природни нокти. Тогаш зошто да ги надградувате? Само ќе го уништите квалитетот на вашите природни нокти, а освен тоа, вештачките и не изгледаат баш убаво кога ќе започнат да растат.rnrn
rn
7. Запомнете – не сте дерматолози (најверојатно)
rnНемојте на ваша рака да ги решавате проблемите со акните или другите неправилности на кожата. Има ли потреба да се објаснува зошто? Бидејќи големи се шансите да направите некоја грешка! Едноставно препуштете се на рацете на професионалците!rn
8. Паметно вложувајте ги парите
rnАко сте започнале да заработувате – браво! Сега, кога конечно имате ваши пари, па внимавајте во што ќе ги вложите. Немојте да купувате нешто само за да го купите, туку вложувајте во бјути препарати кои се навистина добри и ви помагаат во она за што навистина ви се потребни.rn
9. Пронајдете совршен парфем
rnПо кој ќе бидете препознатливи и нанесувајте го правилно – на зглобовите, вратот, малку зад ушите и малку на косата. Секоја девојка би требало да има свој парфем.rnrn