Џек Шефер е поранешен агент на ФБИ кој има големо искуство со истраги на криминални случаи. Во својата кариера испрашувал многу луѓе и веќе знае да почувствува кога некој лаже, а кога ја говори вистината. Тој смета дека во овие три случаи соговорникот сигурно крие нешто од вас.rnrn
rn
„Да или не“ прашања
rnПрашајте го соговорникот наједноставно „да или не“ прашање. Ако веднаш одговори со „да“ или „не“, тогаш веројатно ја зборува вистината. Ако даде некој опширен одговор, тогаш станува сомнителен. Уште еднаш повторете му го истото „да или не“ прашање, па ако и овој пат не одговори кратко и јасно, голема е веројатноста дека се обидува да ја искриви вистината.rn
Почнување на реченицата со „па“
rnСпоред Шефер зборчето „па“ на почетокот на реченицата е знак на лага. Кога една личност на ваков начин започнува одговор на директно прашање таа покажува дека ќе даде одговор за кој знае дека не е оној кој поставувачот на прашањето го очекува.rn
„Зошто да ти верувам?“
rnПоставете му го на соговорникот прашањето „Зошто да ти верувам?“ Ако навистина ја зборува вистината, тој или таа ќе одговори „Затоа што ја кажувам вистината“, или нешто слично. Оној кој лаже нема да каже дека ја зборува вистината, туку нешто како „Затоа што јас сум чесна и искрена личност“, „Немам зошто да лажам“ или нешто во тој стил.