КАФЕ ПАУЗА

10 ризични промени во изгледот кои мора да ги направите барем еднаш во животот

10 ризични промени во изгледот кои мора да ги направите барем еднаш во животот

Ретко кои жени се осудуваат да направат драстични промени во изгледот. Можеби поседувате голем авантуристички дух во другите животни области, но кога станува збор за физичкиот изглед, веројатно најчесто играте на сигурно. Соберете храброст и не плашете се да ризикувате и експериментирате! Можеби пријатно ќе се изненадите, а ние вие гарантираме дека добро ќе се забавувате. Ова се промените што мора да ги направите барем еднаш во животот…rnrn10 ризични промени во изгледот кои мора да ги направите барем еднаш во живототrn

1. Променете ја бојата на косата

rnНе мора да направите драстична промена и да ја бојадисате црната коса во светла нијанса, но барем еднаш пробајте нешто поразлично. Ако отсекогаш сте се прашувале како е да се биде русокоса или црвенокоса, престанете да замислувате како би изгледале и претворете ги вашите фантазии во реалност.rn

2. Скратете ја косата

rnАко целиот живот сте имале долга коса, можеби ќе ви биде тешко да ја скратите, но добрите вести се што таа повторно ќе порасне! Не мора драстично да ја кратите. Доволно е да ја скратите само неколку сантиметри за да направите голема промена. Но, погрижете се да најдете фризер кому ќе можете да му верувате.rnrn10 ризични промени во изгледот кои мора да ги направите барем еднаш во живототrn

3. Ставете повпечатлив туш за очи

rnОтидете подалеку од стандардниот начин на шминкање и украсете ги очите на некој повпечатлив начин. Нанесете повеќе туш од вообичаено и линијата над очните капаци нека биде малку подебела, особено ако останатата шминка е понежна. Не заборавајте да ставите кармин во неутрални нијанси.rn

4. Ставете кармин во неонска боја

rnОвие кармини се многу впечатливи и забавни. Соберете храброст и пробајте некоја интензивна црвена, розова или портокалова нијанса. Претходно, обликувајте ги усните со моливче и нанесете малку пудра на нив за да не ви се растече бојата.rnrn10 ризични промени во изгледот кои мора да ги направите барем еднаш во живототrn

5. Разбранувајте ја косата во стилот на холивудските ѕвезди

rnРаскошните локни кои можете да ги забележите на ѕвездите на црвениот тепих можеби не се за секој ден, но зошто да не ги носите и во некоја обична прилика? Не мора да ги чувате за некој посебен настан по секоја цена. Екстравагантната фризура со многу волумен ќе направи да изгледате и да се чувствувате одлично и гламурозно.rn

6. Обидете се со драматично контурирање

rnРазликата помеѓу природната кожа без шминка и шминкањето со помош на техниката контурирање е огромна, но резултатите се неверојатни. Обидете се барем еднаш да се нашминкате на овој начин за да видите како би можеле да изгледате.rnrn10 ризични промени во изгледот кои мора да ги направите барем еднаш во живототrn

7. Бојадисајте ја косата во некоја луда боја

rnРозовата и зелената коса не се за секого, но можете да постигнете одличен ефект и со малку боја на еден или неколку прамени. Можете да ги пробате кредите за коса во боја кои многу лесно се мијат и не оставаат траги.rn

8. Истакнете ги веѓите

rnНе мора да претерувате, но со помош на моливче, четка, шаблон и пудра за веѓи можете да ги пополните за да делуваат подебели и погусти. Со промената на веѓите ќе можете да го промените изгледот на целото лице.rnrn(5) 10 ризични промени во изгледот кои мора да ги направите барем еднаш во живототrn

9. Нанесете само кармин и ништо повеќе

rnИстакнете ги усните со кармин, а остатокот од лицето оставете го чисто. Можете да додадете само малку течна пудра или коректор ако сакате. Но, не заборавајте да го нанесете вашиот омилен кармин. Најчесто само тоа и ви е потребно за да изгледате одлично.rn

10. Бидете целосно природни

rnЗа многумина ова ќе биде најголемиот ризик од сите други наведени. Можете ли да си замислете да отидете на важен настан или на работа без шминка? Ако го направите тоа, ќе се уверите дека тоа не е толку страшно, напротив, може да биде одлична вежба за стекнување самодоверба. На крајот на краиштата, повеќето луѓе нема ни да ја забележат разликата, бидејќи тие не го градат нивното мислење за вас според тоа какви сте однадвор, туку според тоа какви сте однатре.rnrnДоколку сте расположени за експериментирање со изгледот, погледнете ги овие 9 модни совети и ризици за девојките со облини.