КАФЕ ПАУЗА

Совети за поттикнување на креативноста

Совети за поттикнување на креативноста

Written by

in

,

Чувствувате како вашата креативност опаѓа? Не се грижете. Тоа ни се случува на сите нас понекогаш. Кога немаме никакви креативни идеи и чувствуваме дека мозокот ни е исклучен, ние најчесто легнуваме да спиеме или гледаме некој филм или телевизиска серија. Бидејќи тоа не придонесува за поттикнување на креативноста, еве неколку совети кои го имаат посакуваниот ефект.

rn

Совети за поттикнување на креативноста

rnrn

Медитирајте

rnМедитацијата, ако ја правите правилно, придонесува да се чувствувате освежено. Таа му дава позитивен правец на мозокот да се фокусира кон креативни нешта.rnrnСовети за поттикнување на креативностаrn

Заборавете ги проблемите

rnПроблемите и стресот кои ги имате, застануваат на патот на вашата креативност. На лист, напишете ги сите работи кои ве мачат и потоа, листот запалете го. На друг лист напишете ги вашите цели и планови, како и времето кога сакате да ги остварите. Ова ќе ви овозможи чист ум, а вие ќе бидете повеќе креативни и со намален стрес.rnrnСовети за поттикнување на креативностаrn

Играјте и креирајте

rnИграјте со креативни играчки, како лего коцки и танграм. Свирете некој инструмент. Ова ќе овозможи да размислувате апстрактно и којзнае, може ќе смислите нешто навистина големо.rnrnСовети за поттикнување на креативностаrn

Променете го начинот на размислување

rnРазмислувајте како панкер или рокер. Ослободете се од секакви правила, но сепак, не правете ништо надвор од законот. Обидете се да размислувате надвор од границите и тоа дефинитивно ќе резултира со повеќе креативност.rn

Гледајте подлабоко во цртежите на малите деца

rnДа, така е. Кога дечињата цртаат на лист хартија, тие тоа го прават без никакви надворешни влијанија и правила. Тоа што тие го цртаат е само резултат на нивниот висок креативен набој и инспирација.rnrnСовети за поттикнување на креативностаrn

Запрашајте се „што ако…“

rnСекогаш поставувајте си го ова прашање. Замислете како на луѓето пред 1000 години им кажувавте дека еден ден ќе постојат телевизори, компјутери, мобилни телефони, луѓе кои патуваат на месечината. Би помислиле дека сме лудаци. Имајте на ум дека во животот сѐ е возможно и дека во светот сѐ може да се случи.rn

Почувствувајте како крвта ви струи низ вените

rnНаправете си топла бања и миризлива купка. Штом ќе почне крвта да ви струи низ вените, истото ќе се случи и со креативноста.rn

Пробајте нови јадења

rnСигурно никогаш не сте пробале некое јадење од Корејската кујна. Пробајте да зготвите некој таков рецепт наредниот пат.rnrnСовети за поттикнување на креативностаrn

Направете го секојдневното, несекојдневно

rnСте завршиле со обврските и си одите дома? Тргнете по друга уличка која исто така води кон вашиот дом. Тесни улички и широки булевари дефинитивно ја поттикнуваат креативноста.rn

Судниот час

rnСмртта е многу моќна мотивирачка алатка. Ако докторот му каже на неговиот пациент дека му преостануваат уште 10 години од неговиот живот, што мислите дека пациентот би направил? Тие 10 години ќе ги цени колку вредноста на дијамантите во светот. Па затоа, ако за миг би помислиле дека утре ќе ве нема, сигурно ќе направите и создадете многу креативни нешта.rnrnСовети за поттикнување на креативностаrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.