КАФЕ ПАУЗА

25 бизарни светски рекорди кои никој не сака да ги сруши

25 бизарни светски рекорди кои никој не сака да ги сруши

Иако звучи навистина интересно да држите некој светски рекорд, постојат рекорди кои никој не сака да сруши. Од преживувањето најмногу удари од гром, сè до издржувањето на најсилниот удар во препоните, погледнете ги 25-те бизарни светски рекорди што никој не сака да ги надмине.rnrn25 бизарни светски рекорди кои никој не сака да ги срушиrn

1. Најголемо растојание преживеано во торнадо

rnНа 12-ти март 2006 година, 19-годишниот Мат Сутер бил „собран“ од торнадо со неговиот автомобил во Мисури, САД. Изгубил свест и се разбудил 398 метри подалеку.rn

2. Најдолго влечење од коњ со запалено тело

rnКако влечењето од коњ да не е доволно, Џозеф Тодлинг го запалил своето тело додека го поставувал овој неверојатно болен рекорд. Растојанието кое го поминал било 500 метри.rn

3. Најдолгиот проголтан меч

rnРекордот ѝ припаѓа на Наташа Верушка. Овој подвиг се случил на 28 февруари 2009 година, со меч кој бил долг 58 центиметри.rn

4. Најдалечно прскање со млеко

rnВо еден од најлудите рекорди на сите времиња, Илкер Јилмаз прскал млеко од своите очи на растојание од 279,5 центиметри.rn

5. Најголем камен во бубрег

rnНа 18-ти февруари 2004-тa година, на Вилас Гуџ му бил отстранет камен од бубрегот кој имал цели 13 центиметри.rnrn25 бизарни светски рекорди кои никој не сака да ги срушиrn

6. Најдолго време поминато во ходник во болница

rnКога Тони Колинс, дијабетичар од Англија, пристигнал во болница на 24-ти февруари 2001-ва година, не знаел дека ќе постави нов рекорд. Откако му рекле дека ќе треба да почека за болнички кревет, тој поминал 77 часа и 30 минути во ходникот на кревет за транспорт на пациенти.rn

7. Најмногу ротации висејќи од дупчалка

rnНајмногу ротации во минута висејќи од дупчалка е 148. Овој луд рекорд го држи Хју Џианг од 23-ти декември, 2008-ма година.rn

8. Најголем предмет отстранет од човечки череп

rnВо 1998 година, Мајкл Хил бил прободен во главата со огромен нож. Но, преживеал и од главата му бил отстранет ножот од 20 центиметри. Иако преживеал, настанале неколку компликации како губење на меморијата и напади.rn

9. Најмногу штипки на лицето

rnНајголем број штипки за облека кои се ставени на нечие лице за 1 минута е 51. Овој болен светски рекорд бил постигнат на 27-ми декември, 2012 година од страна на Силвио Саба.rn

10. Најмногу скршени коски

rnПионерот во долги скокови со мотор, Евел Книвел, наводно преживеал 433 скршеници на коските во текот на неговиот живот.rnrn25 бизарни светски рекорди кои никој не сака да ги срушиrn

11. Најмногу помирисани стапала и пазуви

rnМаделин Албрехт го држи нај… интересниот рекорд. Таа помирисала околу 5.600 стапала и неодреден број пазуви додека работела во истражувачка лабораторија во Охајо, во период од 15 години.rn

12. Најмногу паѓања на тест за возачка дозвола

rnПостара жена од Јужна Кореја, позната и како баба Ча Са-Сун станала позната откако конечна ја добила возачката дозвола – по 960-тиот обид. Со 959 неуспешни полагања, таа го држи овој рекорд.rn

13. Најтешкиот автомобил балансиран на глава

rnБританецот Џон Еванс балансирал автомобил од 160 килограми на неговата глава, и тоа цели 33 секунди.rn

14. Преживување најмногу удари од гром

rnРој Саливан бил познат како човечки спроводник на молња. Во текот на неговиот живот тој бил удрен од гром дури 7 пати и ги преживеал сите удари.rnrnПродолжува на следната страница…rn