Времето не е секогаш на наша страна, особено во оние растрчани и стресни утра кога буквално не можеме да најдеме ништо во сопствениот дом. Избегнете ги нервозните утра со помош на овие совети кои заштедуваат време и започнете го денот релаксирани и со насмевка!rnrn
rn
1. Најпрво средете ја косата
rnШминката можете да ја понесете со вас и да се досредите по пат, но тешко дека ќе можете си ја понесете пеглата за коса. А и кога имаме средена фризура, половина работа е завршена.rn
2. 3-минутна рутина за шминкање
rnСекогаш имајте ги при рака продуктите коишто најмногу ги користите. Крема, пудра и руменило е доволно да изгледате посвежо за многу кратко време. Моливчето за очи, тушот или маскарата лесно можете да ги сместите во ташна доколку ви треба подоцна дополнително дотерување.rn
3. Чувајте резервни клучеви во ташна
rnИ да ги заборавите оние што редовно ги користите нема потреба да се грижите, секогаш имате резервни!rn
4. Секојдневните додатоци на дофат
rnСите имаме некој драг предмет за којшто сме врзани, па најдобро е да го чувате, на пример, омилениот часовник на масичката до вратата или на некое друго видно место и нема да го заборавите.rn
5. Одлучете што ќе носите уште претходната вечер
rnОва најверојатно ќе ви заштеди најмногу време наредното утро и нема беспотребно да губите време барајќи вратоврска што ви одговара со кошулата и слично.rn
6. Ужинка при рака
rnЧувајте си мусли бар, пакетче инстант кафе или која било друга ваша омилена ужинка на дофат, па и да немате време за доручек, секогаш ќе имате резерва енергија во близина.rn
7. Навреме и расположени
rnНаместо типичен тајмер за да ве потсетува уште колку време имате, можете да си креирате омилена листа со песни коишто ќе траат онолку време колку што имате за спремање. Со секоја наредна песна ќе знаете уште колку точно време имате на располагање.rn
8. Бидете уредни
rnСекојдневните обврски знаат навистина да нè исцрпат, но колку посреден ни е просторот во кој живееме толку полесно функционираме. Потрудете се секогаш нештата да ги вратите на нивното место.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
