Адаптација на истоимената хорор книга за кловн убиец на Стивен Кинг
rn
Режија: Енди МускиетиrnrnУлоги: Бил Скарсгард, Џејден Либерхер, Фин ВулфхардrnrnВреметраење: 135 минутиrnrnПремиера: 7 септември 2017rnrnЈазик: англискиrnrnЖанр: хорор, драмаrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=xKJmEC5ieOkrnrnКога станува збор за филмски адаптации на Стивен Кинг, ништо нема да може да го достигне успехот на „Сјаење“ (The Shinning) и „Кери“ (Carrie). Филмовите и до ден денес се исто толку популарни и гледани како и првиот ден од нивното излегување токму поради богатата и детално разработената приказна. Имајќи го ова на ум, кога станува збор за едноставен хорор, како приказната за кловнот убиец – „Тоа“ (It), малку е комплицирано да се пренесе на големото филмско платно чувството на страв што овој писател маестрално го создава преку своите реченици. Проблемот најчесто може да се најде во визијата на сценаристот и режисерот – како тие ја доживеале приказната, што нив ги плаши и дали тоа соодветствува со размислувањето на публиката. Овој пат, сметам дека тие тргнаа во погрешна насока.rnrn
rnrnНе можам да кажам дека целосно ќе се разочарате од овој филм, особено ако сте ја прочитале книгата, но тоа во што сум сигурна е дека нема да бидете ни воодушевени. Како и повеќето приказни на Стивен Кинг, така и тука се зборува за невиноста на детството, за болните загуби, за сеќавањата од минатото и за траумата предизвикана од растењето. Приказната започнува еден врнежлив ден, додека едно мало момче трча по хартиено бродче што плови низ улиците на неговиот град. Младото момче се обидува да го фати и кога конечно ќе го стигне тоа ќе падне во канализација, од каде што ќе се појави страшно суштество – олицетворение на самата смрт.rnrn
rnrnИако има некои навистина застрашувачки сцени, што ќе ве натераат да потскокнете од своето столче или пак, да ве натераат да се чувствувате едноставно непријатно без никаква причина, сепак тоа што му недостасува на овој филм е малку поразработена приказна и подобар тек на развивање на настаните. Можеби не можеме да го добиеме тоа од еден обичен филмски хорор, но со оглед на тоа што станува збор за приказна од Стивен Кинг, сигурна сум дека имало доста материјал со кој можело да се работи, но бил тргнат настрана за да се даде предност на стандардното Холивудско хорор исчекување и издолжување на сцените до оној „БУМ“ момент што треба да ни предизвика прескокнување на едно отчукување на срцето.rnrnВо секој случај, ако сте љубители на хоророт, дајте му шанса на овој филм. Можеби ќе бидете пријатно изненади…