Брачните советници и љубовните експерти се оние кои ги советуваат другите кога имаат проблеми. Но и тие се сложуваат дека советите на нашите баби за долг и среќен брак, во овие модерни времиња, се најефикасни. Можеби некои на прв поглед ќе ви изгледаат старомодни, но кога ќе почнете да размислувате за нив, ќе сфатите дека тие се многу вредни.rnrn
rn
Не опуштајте се и не занемарувајте го вашиот партнер
rnОвој совет се однесува и на мажите и на нивниот однос кон жените. Во бракот, многу е лесно да се опуштите и да го занемарите партнерот. Затоа, брачниот другар треба да се почитува, бидејќи неговиот став кон вас може многу лесно да се промени.rn
Не се работи за она што е кажано, туку на каков начин е направено тоа
rnЧестопати можете да се налутите поради тонот или пристапот, а не поради содржината на она што го вели вашиот партнер. Затоа, важно е секогаш да зборувате смирено, без тон на напаѓање и критикување.rn
Дозволете му да победи
rnИако ова може да ви изгледа лудо, бидете мудри и дозволете му на вашиот партнер понекогаш да ја освои битката. Не морате секогаш вие да бидете најпаметни и во право, дури и кога сте. На другата страна ова многу ќе му значи на вашиот партнер, но и на двајцата, како пар.rn
Преправајте се дека не знаете да ја промените сијалицата
rnДозволете ѝ на другата страна да се чувствува потребно и важно. Не морате секогаш сѐ да направите самите, затоа што никој не сака да се чувствува целосно бескорисно.rn
Почитувајте се
rnСекогаш кон партнерот однесувајте се со почит. И кога зборувате со него и кога го слушате.rnrn
rn
Пред да му се налутите на партнерот, размислете дали и вие се однесувате така
rnМногу често одговорот на ова прашање и потврден, па така, пристапот кон партнерот ќе биде поинаков, со повеќе разбирање и помалку критикување.rn
Тој не ви ги чита мислите
rnНикој не може да му ги прочита мислите никому, па затоа, запрашајте се како вашиот партнер би можел да знае што сакате вие. Доколку не покажете или кажете што ви треба, тешко е дека тој би можел да го знае тоа.rn
Не споделувајте ги вашите кавги и несогласувања со другите
rnШто помалку луѓе знаат за вашите кавги и несогласувања, толку подобро. Вие двајцата самите треба да ги решите своите проблеми, а големи се и шансите дека другите ќе ве озборуваат.rn
Иако не се сложувате поради нешто, сослушајте ја другата страна
rnПонекогаш морате да слушнете што има да ви каже вашиот партнер. Без оглед на тоа што не се сложувате со тоа, треба да сфатите дека и тој има свое мислење и право истото да го искаже.rn
Пречекајте го со топло јадење
rnИако овој совет може да ви се чини застарен, тоа не значи дека вие треба да му служите на вашиот сопруг, туку дека се грижите за него. Покрај тоа, ова е и еден начин на комуникација со кој му покажувате дека тој ви значи.rnrnПогледнете уште совети од бабите и дедовците кои ќе ви помогнат да ја зацврстите вашата љубовна врска.