Вашиот омилен десерт: Домашни манчмелоу колачиња

Сподели

Вкусен, незаборавен и неверојатно едноставен рецепт
Потребни состојки:

rn

    rn011

    Реклама
  • 8 јајца
  • rn011

  • 400 грама шеќер
  • rn011

  • 230 милилитри млеко
  • rn011

  • 30-40 милилитри масло
  • rn011

  • 70-80 грама брашно
  • rn011

  • 1 прашок за печиво
  • rn011

  • 2 лажички какао
  • rn011

  • 100 грама чоколадо за готвење
  • rn011

  • 2 лажички вода
  • rn011

  • Маргарин
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnИзматете ги жолчките заедно со 200 грама шеќер, па додајте го млекото и маслото. Матете сè додека не се соединат сите состојки, а потоа додадете го и брашното, прашокот за печиво, како и какаото. Матете со миксер и потоа ставете ја смесата во сад за печење. Загрејте ја рерната на 220 степени и печете 10-15 минути.

Во меѓувреме матете ги белките сè додека не се згуснат, па додајте им го останатиот шеќер. Извадете ја кората од рерната и рамномерно разнесете ја смесата со белките врз неа, па вратете го садот во рерната на уште неколку минути. Внимавајте да не ги препечете белките бидејќи ќе станат гумени.

Растопете го чоколадото со вода и малку маргарин, па прелијте го преку оладениот колач. Оставете го вашето домашно манчмелоу во фрижидер на околу 3 часа, а потоа послужете ладно.

Најново

Може ќе ве интересира