Постарите браќа се како колачиња од кои никогаш не можете да се заситите. Дури и покрај тоа што понекогаш знаат да ве нервираат, вие едноставно не можете да одолеете на нивното присуство. Тие можеби ќе ве задеваат и ќе ве полудуваат, но истовремено и ќе ве заштитуваат и сакаат. Погледнете ги овие 15 нешта кои ќе ве потсетат на неверојатните придобивки од постоењето на постариот брат во вашиот живот.rnrn
rn
1. Тој ве научил како да бидете трпеливи
rnКако помлада сестра или брат, вие сигурно сте добро запознаени со шегите и игрите во кои тој ужива. Токму затоа можете да кажете дека ова негово однесување ве научило на трпение. Без разлика дали станува збор за родителство или пак, за каков било вид справување со други луѓе, вашиот постар брат ве научил како да не се лутите или фрустрирате толку брзо.rn
2. Тој ви покажал како да бидете силни
rnОние кои имаат постари браќа имаат тенденција да бидат силни борци, во секој поглед. Вие сте научиле од него како да стоите цврсто на својот став и како да направите вашиот глас да биде слушнат. Вие учите да не дозволувате никој да ве турне. Сите оние „борби“ кои сте ги поминале со вашиот брат ве направиле посилни и ве научиле никогаш да не се откажувате.rn
3. Само за сестри: Тој ве научил како да ги разбирате момците
rnМомците можат да бидат тешки за една млада девојка, но постариот брат може многу да помогне при нивното разбирање. Од моментот кога нивната сестра ќе почне да оди на љубовни состаноци, постариот брат ќе ја води низ сите искуства во оваа врска. Исто така, советите од постариот брат можат многу да помогнат при избегнување скршено срце. Или при надминување на истото.rn
4. Тој ве запознал со спортувањето
rnДоколку сте спортски ентузијаст, големи се шансите дека имате многу сеќавања во кои уживате гледајќи го вашиот брат додека спортува. Тој има огромна улога во изборот на спортот кој сте го тренирале или кој е вашето редовно хоби.rn
5. Тој ве научил како да се натпреварувате
rnПостариот брат е одличен кога станува збор за повикување на натпреварувачкиот дух. Токму оваа карактеристика останува со вас низ годините и ви помага побрзо да напредувате во вашата кариера. Но, тој исто така ви помогнал и да ја развиете вашата самодоверба и лидерските способности.rn
6. Тој ве научил да имате контрола над вашите емоции
rnМногу често се случува помладите деца да бидат поемотивни, особено ако станува збор за девојчиња. Но, оние кои растат со постар брат имаат многу подобра контрола врз своите емоции. Тој едноставно ве научил дека во животот се случуваат лоши работи постојано и дека вашата задача е да ги надминете и да продолжите понатаму.rn
7. Тој ве научил на кавалерство
rnПостарите браќа ги учат своите сестри како еден маж треба да се однесува кон нив, но исто така ги учат и своите помлади браќа како тие треба да се однесуваат кон жените. Вие учите и од неговото однесување кон мајка ви, како и кон неговата девојка и според тоа поставувате стандарди кои ги очекувате од вашите момчиња.rn
8. Тој секогаш ќе ве заштитува
rnПонекогаш на една личност сè што ѝ е потребно е заштита од својот постар брат. Вие не треба никогаш да се грижите дека некој ќе ве повреди кога тој е во близина, бидејќи покрај него едноставно се чувствувате безбедно.rn
9. Тој е секогаш тука за да ги поправи расипаните работи
rnБез разлика за каков проблем станува збор, тој едноставно има способност да поправи сè што не работи. Што и да се случува, тој никогаш нема да ви дозволи да му платите некому за да ја заврши оваа работа. Исто така, доколку се преселувате, тој ќе биде првиот што ќе ви помогне при преместувањето на тешкиот мебел.rn
10. Покрај него, секогаш ќе имате добар избор на момци и девојки за состанување
rnПокрај вашиот брат, вашиот круг на пријатели многу брзо се шири. Без разлика на тоа колку е тешко да се најде добар дечко или девојка за состанување, покрај него вие секогаш ќе имате голем избор. Можеби станува збор за негови пријатели и пријателки или пак, за нивни помали браќа и сестри, па така вие секогаш ќе имате однапред проверени добри личности кои ја заслужуваат вашата шанса.rn
11. Само за сестри: Вие имате можност да го научите за однесувањето на девојките
rnМажите знаат многу малку нешта за начинот на кој размислуваат жените. Но, вашиот брат има предност бидејќи има со кого да се советува доколку има проблем со неговата девојка. Без разлика на ситуацијата, тој во секое време е слободен да побара совет од вас, а вие сте и повеќе од среќни кога можете да му помогнете.rn
12. Тој ве научил на самоодбрана
rnКако што поминува време, така сите треба да знаат барем основно ниво на самоодбрана. Светот станува сè поопасно место за живеење, па токму затоа е добро доколку знаете како да се заштитите. Доколку знаете да користите нож или пиштол, големи се шансите дека сте го научиле тоа од вашиот постар брат.rn
13. Тој ве научил како да бидете кул
rnУште од млади години, помладите браќа и сестри се угледуваат на својот постар брат и учат многу од неговото однесување. Меѓу другото, тие учат за животот, за културата и за светските настани. Токму затоа покрај него, вие секогаш ќе бидете во тек со најновите случувања.rn
14. Тој секогаш ви помага финансиски
rnПостарите браќа обожаваат да ја преземат улогата на татко, па токму затоа се подготвени во секое време да ви помогнат финансиски. Бидејќи тој е постар, сигурно ќе најде работа пред вас, па големи се шансите дека тој ќе ви позајми пари тогаш кога вашите родители ве одбиле.rn
15. Тој е вашето рамо за плачење
rnДел од неговата заштитничка природа е неговата способност да ве ислуша и да ви пружи поддршка дури и во најтешките моменти. Вие знаете дека секогаш можете да сметате на него без да добиете никаква критика и осудување и токму тоа е една од причините зошто сте толку блиски.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.