Сомбре е начин на бојосување на косата така што прамените се посветли во долниот дел од косата, а нагоре благо, постепено и суптилно преминуваат во природната боја кон темето.rnrn
rnrnСомбре веќе неколку месеци носат многу актерки, пејачки и старлети, па доколку и вие сакате да го испробате, ви треба само добар фризер кој ќе може беспрекорно да ја изведе техниката.rnrnСомбре техниката е слична на омбре, со таа разлика што на косата се нанесува посветла боја на долниот дел, но за разлика од остриот премин кој можевме да го забележиме кај омбрето, овде тоа изгледа поелегантно и малку поформално, давајќи ѝ на косата „исончан“ ефект. Светлите прамени во долниот дел постепено се шират нагоре кон темето, па на тој начин се постигнува природен ефект и бујност.rnrn
rnrnСомберто е всушност меко омбре, оттаму е и името s(oft)ombre. Традиционалното омбре каде што врвот на косата е темен, а врвовите светли со благо спојување помеѓу, еволуираше во нешто многу посуптилно, подобро поврзано и со многу подобра текстура. Посветлите делови се креваат повисоко, особено околу лицето, додека кај кратките фризури се создава ефект на ленти кои меѓусебно се испреплетуваат. Овој стил е многу полесен избор за многу девојки и жени, изгледа поприродно и ја истакнува текстурата на косата и слоевите на фризурата.rnrn
rnrnПокрај тоа што сомбре можат да носат русокоси, техниката изгледа одлично и применета на бринети, давајќи им меко-златни, медени и карамел нијанси на врвовите, при што девојките не мора да се грижат за корените. Сомбрето е напредна, развиена верзија на омбре и е соодветен избор и за жените кои работат во покорпоративни средини.rnrn
rnrnПа ако не бевте доволно храбри да испробате омбре стил или сакате малку да го разиграте вашиот омбре изглед, одете на фризер и побарајте сомбре. Со сигурност ќе бидете задоволни од промената.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.









