Стареењето носи многу негативни последици со себе, па затоа и не сакате да направите нешто што би ги довело во опасност вашите зглобови, мускули, срце… Но, каде треба да се повлече линијата помеѓу останувањето физички активни и обидот да не претерате? Со други зборови, дали би требало да се откажете од трчањето со цел да ги заштитите колената? Одговорот е НЕ!rnrn
rnrnСтудиите ни покажуваат дека оние што редовно трчаат всушност доживуваат помалку долготрајна штета на своите колена отколку оние што се неактивни или практикуваат друг вид вежби. И покрај тоа што трчањето создава повеќе сила и оптоварување на вашите колена од самото одење, вие помалку удирате на земјата бидејќи чекорите ви се подолги. Па, сè додека вашите колена се здрави, трчањето нема да ви ги зголеми шансите за развивање артритис.rnrnБаш напротив, доколку редовно трчате, на долг рок ќе имате помалку болки во колената. Ова се случува затоа што трчањето ве одржува во добра форма (ќе имате помалку вишок килограми) и ја подобрува целата мускулна сила на вашето тело. Митот конечно е разоткриен!
Науката докажува дека трчањето не им штети на вашите колена
