КАФЕ ПАУЗА

Единствениот витамин што ви е потребен за секоја декада од вашиот живот

Витамините се важни во секој период од животот, но, постојат некои кои на одредена возраст треба да се внесуваат почесто и во поголеми количини. Со оглед на тоа дека во различни години една личност се справува со различни ризици, во продолжение погледнете кој витамин би требало да го внесувате во зависност од тоа во која животна доба се наоѓате.rnrnВитамини кои треба да ги внесувате во вашите 30-ти, 40-ти, 50-ти и 60-ти години од живототrn

30-ти години

rnДоколку се обидувате да забремените во вашите 30-ти години, многу е важно да го зголемите внесувањето фолна киселина која, освен што ја намалува веројатноста за појава на одредени недостатоци при раѓање, ја намалува и веројатноста за појава на срцев или мозочен удар. Доколку пак не сакате да забремените во тој период, тогаш потребно е да го зголемите количеството на цинк и магнезиум во вашата исхрана, затоа што одредени средства за контрацепција може да го осиромашат вашето тело од овие минерали.rn

40-ти години

rnВитаминот Д е важен за секого, но од особена важност е за личностите кои се наоѓаат во нивните 40-ти години, затоа што недостатокот од овој витамин честопати се поврзува со болести кои типично се појавуваат во оваа доба, како што е ракот, остеопорозата и срцевите заболувања.rn

50-ти години

rnВитаминот Б12, кој е од суштинско значење за крвта и мозокот, почнува послабо да биде апсорбиран од телото кога личноста се наоѓа во своите 50-ти години, па затоа, внимавајте што внесувате. Исто така можете да почнете со внесување мултивитамини наменети специјално за жени над 50 години, кои имаат помалку железо отколку мултивитамините наменети за помлади жени, како и дополнително количество Б12 за да се прилагодите на промените на вашето тело.rn

60-ти години

rnВо периодот после менопаузата од клучно значење е да внесувате доволно калиум со цел да го намалите ризикот од мозочен удар. Исто така жените во шеесеттите години треба да настојуваат да консумираат и омега 3, кои ќе им помогнат во намалување на симптомите на артритис.